Времето денеска ќе се задржи умерено облачно, а попладне ќе има локален дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилување на ветерот, особено во источните и југоисточните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
До среда ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.