Свет

Не успеа спасувачката мисија на САД во Сирија

Не успеа спасувачката мисија на САД во Сирија

САД пред извесен период се обиделе да извршат воздушна и копнена операција во Сирија за спасување на киднапираните американци. ИСИС нив ги држи како заробеници, а веќе почна и да ги егзекутира.

Целата операција била усмерена да се  разбие мрежата на ИСИС која ги држи киднапираните американци во заложништво.

– За жал операцијата не беше успешна, бидејќи заложниците не се наоѓаа на конкретната локација, било наведено во соопштението на Пентагон.

Барак Обама oваа мисија, како што соопштила Лиса Монако која е негов соработник, ја одобрил уште на почетокот на летото.

Соопштението на Пентагон било објавено еден ден откако ИСИС објавија видео снимка на која се гледа како маскиран маж го обезглавува американскиот новинар, а при тоа упатува низа закани.

На крајот од снимката бил покажан уште еден заробеник, исто така новинар, чиј живот како што е наведено зависи од следната одлука на Обама.