Не успеа референдумот за рудниците во Валандово

Референдумот во Валандово против отворање рудници и стопирање на изградбата на комплексот „Казандол“ не успеа. Имено недостасувале уште околу 300 гласа. На 24 гласачките места не излеглеа потребните 5.072 граѓани за да биде исполнет законскиот цензус.

Недостасувале уште околу 300 гласа за да се изгласа одлука против отворање рудници и стопирање на изградбата на комплексот „Казандол“. На 24 гласачки места не излегле потребните 5.072 граѓани за да биде исполнет законскиот цензус.

Општинската изборна комисија со официјални информации ќе се јави околу полноќ. Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ вели дека сè уште се чекаат резултатите од сите 24 избирачки места каде право на глас имале 10.141 граѓанин.

Пресметките на компанијата Сардич МЦ покажуваат дека околу 450 илјади евра годишно ќе влегуваат директно во буџетот на самата општина од работењето на рудникот. Инвестицијата е во вредност од 35 милиони евра, а се очекуваат 250 вработувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.