Македонија

Не запираат јавувањата на Ало „докторе!“

Не запираат јавувањата на Ало „докторе!“

Вкупно 14.231  повици  на Ало докторе!  од 15.09.2014 година, од кога започна да работи  телефонската линија за медицински совет.

22  доктори се достапни за здравствен совет, а јавувањата се од граѓани од  сите градови на  Македонија.

На сите лица кои се јавиле на телефонската линија  Ало докторе!, им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчесто јавувањата се за медицинска помош со широк спектар на најразлична  симптоматологија ,кардиоваскуларни и респираторни симптоми,најчесто за покачен крвен притисок, проблеми со покачена телесна температура ,кашлица , настинки  и симптомна болка.

Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот Ало докторе! за медицински совет се дежурни и достапни   директорите на јавните здравствени установи.

Денес  во  кол центарот на Ало докторе! од 18 до 22 часот ќе биде    дежурен проф.др.Небојша Пешиќ директор на Клиниката за дерматовенерологија.