Не знаев дека сум убав додека татко ми не ми купи ново БМВ

19- годишниот Мерсудин Шехалиќ од Сараево, на својот Фејсбук профил објави фотографија од својот нов автомобил.

Мерсудин постираше фотографија од БМВ-то кое му го купил неговиот татко, а под неа напишал: „Не знаев дека сум толку убав, додека татко ми не купи ново БМВ“.

Босанските портали веднаш го контактирале Мерсудин, а тој изјавил дека девојките почнале веќе да забележуваат дека вози БМВ, па така заклучил дека е многу убаво и привлечно момче.

– „Додека возев Голф 3, ниту една девојка не гледаше во мене, а сега со новото БМВ почнаа да ми приоѓаат, да ми се смешкаат на пешачки и да флертуваат со мене“, рекол Мерсудин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.