Нечистите клима уреди – расадник на инфекции

Без клима-уред последниве неколку години, просто неможеме да ги замислиме летните месеци. Затоа многумина од нас ги поседуваат, но често забораваат дека нередовното чистење не предизвикува само лош квлаитет на воздухот и непријатна миризба во домот, туку придонесуваат за размножување на бактерии, мувла и габички.

Кога вдишуваме возух од неисчистен клима уред, може да дојде до опасни реакции во организмот, хорнични заболувања, дури и до појава на легионарска болест, која настанува од бактеријата легионела. Станува збор за тешко воспаление на белите дробови, кое неретко може да има фатални последици. До инфекција доаѓа кога ќе се вдишат заразените ситни капки од клима-уредот.

Производителите препорачуваат клима-уредот темелно да се исчисти една годишно и тоа кон крајот на пролетта. Слични препораки даваат и лекарите кои советуваат дека чистењето е неопходно поради хигиенски, односно здравствени причини. Со чистењето се спречува појавата и размножувањето на бактериите и другите микроорганзими.

Исто така, не треба да чекате од уредот да почнат да се шират непријатни мириси или клима-уредот да почне послабо да лади или грее. Клима-уредите во автомобилите треба редовно да се сервисираат на две години.

Луѓето што се склони на алергиски реакции може да го чистат клима уредот и почесто, како и редовно да го одржуваат клима-уредот на работното место или во домот.

Легионарска болест

Кашлица, болка во градите, покачена телесна температура над 40 степени, главоболка и омалаксаност проследена со дијареја. Сето тоа може да бидат симптоми на болеста која е предизвикана од опасната бактерија легионела. Болеста обично ги погодува повозрасните лица, посебно оние со хронични заболувања на бубрезите, срцето и белите дробови, како и лицата со ослабен имунитет, пушачите и алкохоличарите. Три пати почесто заболуваат мажите. Единствена терапија се силните антибиотици, а превенцијата е редовно чистење на клима-уредот и миењето на филтерот.