Неда Арнериќ ќе оздрави во целост

И покрај стравувањата дека можеби ќе остане неподвижна, српската актерка Неда Арнериќ сепак ќе оздрави во целост.

По падот од трети кат ’рбетниот мозок на актерката останал неповреден. Иако повредила неколку пршлени, сепак според прогнозите на лекарите таа за неколку месеци ќе биде подвижна во целост.

Таа вчера била префрлена од Одделението за интензивна нега на Одделението за ортопедија во Ургентниот центар во Белград. Таа не е животно загрозена, а поради повредите на торакалниот дел на ’рбетниот столб носи мидер, велат од болницата.