Неда Арнериќ пуштена од болница

Неда Арнериќ денес е пуштена од болница каде беше примена по падот о тераса. Таа, како што пишува српски Курир, до домот била однесена од страна на нејзиниот број, а лежејќи на задното седиште се криела од големиот број новинари.

Откако таа влегла во станот, нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ се појавил на прозорот и ги поздравил новинарите.

Какви аматери сте. Срам ми е поради вас. Ве насанкав, рекол тој.

Инаку актерката се здоби со повреди на ’рбетот на 8-ми мај, кога под сеуште неразјаснети околности, паднала од терасата на станот во кој што живее. Нејзиниот сопруг тогаш изјавил дека таа паднала додека простирала алишта.