среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Неда Арнериќ се бори за живот

Таа паднала од терасата врз металниот дел од локалот. Таа со тешки повреди е префрлена во Ургентниот центар на реанимација.

Неда Арнериќ излегува од болница

Неда Арнериќ излегува од болница

Поврзани вести

Српската актерка Неда Арнериќ (63) синоќа падна од третиот кат на зградата во Дубљанската улица каде што живее.

Според неофицијалните информации Неда Арнериќ паднала од терасата врз металниот дел од локалот. Таа со тешки повреди е префрлена во Ургентниот центар на реанимација.

Во моментот на падот во станот бил нејзиниот сопруг.
-Неда вчера се врати од деловен состанок по повод снимање на некоја серија и се пожали дека е уморна. Заедно го гледавме мечот на Ѓоковиќ на телевизија, по што излезе на тераса да простира облека. Не знам што се случи, но во еден момент слушнав дека падна, рече сопругот на Неда, Милорад Нештровиќ.
dubljanska-neda-arneric-pad-sa-terase-foto-printscreen-google-maps-1462781331-901971

Лекарите се борат за нејзиниот живот, јавуваат српските медиуми.

delfina 1

Неда Арнериќ и е позната на македонската публика по улогата во култниот  филмот „Исправи се Делфина“ од 1977 година на Александар Ѓурчинов каде го портретираше ликот на Атина Бојаџи, првата Македонка која го преплива Ла Манш.

Најчитани вести