Недела како редовен ден за Театар Комедија во новата сезона

Како што информира Тетар Комедија, во неделите ќе гостуваат приватни проекти кои се во жанрот на комедијата.

Акцијата „Среќна недела“ почнува в недела, 16 октомври со претставата „Приказните на заборавените претци“ во продукција на Народен театар Слојштица.

Претставата „Приказните на заборавените претци“ е во режија на Андреј Цветановски, а во неа играат Дамјан Цветановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски и Исидор Јованоски.

„Приказните на заборавените претци“ е премиерно изведена на 28 август во село Слоештица како дел од фестивалот Славење на пирејот. Материјал за создавање на претставата се приказните пренесувани од Дедо Илија Кочовски.