Недела на енергетика на „Македонија 2014“

Денеска на плоштадот Македонија, во рамки на Недела на енергетика МАКЕДОНИЈА 2014, на сите заинтересирани граѓани им беа поделени брошури и флаери со теми поврзани со ефикасното искористување на енергетските ресурси и правилното третирање на отпадот.

В понеделник на 29 септември 2014 година, во 10 часот, во рамки на одбележувањето на Неделата на енергетика, во детската градинка „Срничка-Лале“ во Општина Аеродром, ќе биде организирана работилница на тема: „Рационално користење на енергијата и отпадот како ресурс“.

Во рамки на Неделата на енергетика „Македонија 2014“, во вторник 30-ти септември, во Салата на советот на Град Скопје, во 10 часот, ќе се одржи завршниот настан, односно конференцијата „Придобивки и стекнати искуства преку меѓународна соработка“.

Во средата на 24-ти, во Младинскиот културен центар-Скопје, како дел од настаните на „Неделата на енергетика 2014“, беше организирана Работилница за вмрежување и генерирање проектни идеи по конкретни повици од областа на ефикасно користење ресурси и заштита на животната енергија.

Традиционално, по десетти пат, во Македонија се организира манифестацијата „Недела на енергетика Македонија 2014“, а организатори на настанот се МАЦЕФ-Македонски центар за енергетска ефикасност и Инфо-центарот за енергетска ефикасност на Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.