Магазин

Недела на франкофонски филм

Недела на франкофонски филм

Амбасадорот на Франција, Лоранс Оер и Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија, в среда 26 март 2014, во Кинотеката, во 20 часот ќе ја отворат Неделата на франкофонски филм. По отворањето на оваа традиционална мартовска филмска манифестација ќе следи проекција на емотивната љубовна драма „За една жена“. Предвидени се две проекции за филмот на отворање во 20 и во 22 часот.

Филмската критика го карактеризираше делото на Кирис како „враќање кон основите на филмската уметност преку една прекрасна приказна, со внимателно селектирани фотографски кадри и класичен филмски код за вистинско уживање“ (Ле Паризјен); како „режисерско моќно дело во кое се преплетуваат минатото и емоциите“ (Теле 7 Жур); или, пак, како „особено искрена реализација“ (20 Минит) односно „романескна фреска издлабена од тројца извонредни актери“.

Настанот се организира во соработка со Амбасадата на Канада, Амбасадата на Бугарија и Федерацијата Валонија-Брисел, во чест на прославата на Франкофонијата во Македонија.