Македонија

„Недела на пешаците“ – нова кампања за сообраќајна едукација

„Недела на пешаците“ – нова кампања за сообраќајна едукација

Денес започна кампањата  „Недела на пешаците“ во организација на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБС) и Министерството за внатрешни работи. Целта на кампањата која стартуваше со организирано преминување на деца на пешачки премин од основното училиште „ Ѓорѓија Пулевски“ е поголема едукација на сите учесници во сообраќајот, посебно на децата.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која денеска присуствуваше на сообраќајната едукација на учениците пред трговскиот центар Капитол, информира дека во Република Македонија во првото тримесечие од 2015 година има 23 жртви, од кои 7 се пешаци, а на територијата на Градот Скопје од 8 жртви, 4 се пешаци.

– Тоа ја потврдува оправданоста на една ваква кампања, со која настојуваме низ сопствен пример, комуникација и конкретни вежби да ги едуцираме најмладите, учениците од основните училишта, затоа што навиките се градат од најрана возраст и она што ќе се научи останува како начин на однесување и понатаму во живтот, изјави Јанкулоска.

Претседателот на РСБС Стојче Стаменковски по денешната едукација за учениците повика да внимаваме каков пример им даваме на децата и да се грижиме за нивната безбедност и иднина. Тој апелираше да се однесувме одговорно во сообраќајот за доброто на сите деца на нашите улици и патишта.

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, потенцира дека целта на оваа кампања е и да се зголеми свеста кај возачите за присуството на пешаците, особено на децата.

Се надевам дека со оваа едукативна кампања ќе бидат опфатени што поголем број деца и со тоа директно да се влијае на намалување на сообраќајни несреќи во кои би учествувале деца – пешаци.

ФОТО: МИА