Неделава не’ очекува спектакуларен метеорски дожд (ВИДЕО)

Неделава не' очекува спектакуларен метеорски дожд
Неделава не' очекува спектакуларен метеорски дожд

Во текот на оваа недела, вечерта помеѓу среда и четврток не’ очекува метеорски дожд Персеида, годишен феномен за кој астрономите велат дека оваа година ќе биде посебно спектакуларен.

Во моментот кога метеорскиот дожд ќе го достигне својот максимум, ќе паѓаат и до 100 метеори во еден час. Среќна околност за нас е тоа што овој месец ќе навлезе во најтемната фаза, така да ќе можеме јасно да го набљудуваме метеорскиот дожд.

Ова ќе биде вистински спектакал оваа година. Ќе бидеме во можност да видеме повеќе од вообичаеното“ вели астрономот Морган Холис од британското Кралско астрономско друштво.

Метеорскиот дожд кој редовно не посетува секоја година помеѓу 23 јули и 20 август, потекнува од кометата Свифт-Татл, која заобиколува еден круг околу сонцето за 130 години, оставајќи позади себе голем облак од метеорити.

Додека Земјата кружи околу Сонцето, овие метеори продираат во атмосферата со брзина од околу 60 километри во секунда и согоруваат во неа. Персеиди се познати и како Солзи на светиот Лоренц, бидејќи паѓаат во време кога се одбележува овој ирски светец (10 август).

Што се Персеидни дождови?

Персеидите се образуваат од остатоци од опашката на некоја комета
Персеидите се образуваат од остатоци од опашката на некоја комета

Персеиди или Персеидните дождови од метеори се појавуваат на Земјата секоја година во периодот од јули до aвгуст. Просечното паѓање на метеорите е околу 4 метеори на час. Но, колку што е поблиску кометата до Земјата толку повеќе метеори паѓаат. Во 1992 година беше постигнат рекорд со паѓање на 200-500 метеори на час. Ова настанува кога Земјата минува низ орбитата на кометата Свифт Тутл.

Како и повеќето метеорски дождови така и Персеидите се образуваат од остатоци од опашката на некоја комета (Свифт-Татл). Самата комета се доближува до Земјата само еднаш на 135 години, но преку нејзината опашка Земјата поминува секоја година. Кометата се движи кон Сонцето привлечена од неговата топлина, во меѓупланетарниот простор расфрла фини честички од мраз и прашина кои под влијание на сончевиот ветар се движат кон центарот на сончевиот систем.