Неделава уште потопло време со температури над 40 степени

По малото разладување во текот на вчерашниот ден, според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи оваа работна недела не очекува потопло време со температури над 40 степени.

Неделава уште потопло време со температури над 40 степени
Неделава уште потопло време со температури над 40 степени

Како што најавуваат метеоролозите, од почетокот на оваа недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневните температури.

Се очекува температурите во поголем дел од земјава да бидат над 35 степени, а во југоисточниот дел ќе достигнат до 39-от степен.

Особено уште потопло време се очекува да настапи кон средината на неделата, кога  долж Повардарието и во југоисточниот дел  дневните температури ќе бидат над 40 степени.

Денес  сончево и потопло време со температури до 39 степени

Денеска не очекува претежно сончево и потопло време со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Во источните делови можен е краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 9. Температурата ќе достигне до 39 степени.

Почитувајте ги препораките!

Сеуште на сила се препораките донесени минатата недела, откако земјата беше зафатена од значително високи температури и потопло време.

Бремените и хронично болните да не работат!
Бремените и хронично болните да не работат!

Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, минатата недела донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

Во истиот период, се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.

Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.

За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Поради топлото време воведена е и ограничување на движењето во шумите и шумските појаси во период од 7 до 17 часот.

Повеќе за препораките на следниот линк.