Неделава во Скопје 71 сообраќајка, повредени 36 лица

Во текот на изминатите седум дена на подрачјето на Скопје, Одделението за увид на сообраќајни незгоди изврши увид на вкупно 71 сообраќајна незгода.

Една сообраќајна незгода била со тешки телесни повреди во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди, 25 сообраќајни незгоди биле со последица телесни повреди, а во истите со полесни повреди се здобиле 35 лица. Во 45 сообраќајни незгоди причинета била само материјална штета.

Активностите на Одделението за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во текот на изминатата недела санкционирало прекршоци кои се загрозувачки за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Поради тоа, 240 возачи биле санкционирани поради непочитување на брзината на движење, 11 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 48 лица управувале моторно возило пред да се стекнат со право на управување на возило и 18 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло.

Во изминатата недела Одделението за превенција во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ спровело едукативни работилници во ОУ „Браќа Миладиновци“ во населените места Миладиновци, Вршевци и Текија и во ОУ „Ристо Крле“ во Кадино, Мралино и Бунарџик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.