Неделен хороскоп (11.04 – 17.04)

Овен

Среќни сте и задоволни. Ова е исклучително пријатен период, особено кога е во прашање љубовта. Ќе бидете опкружени со луѓе што ќе ви предизвикуваат задоволство. Пред вас се незаборавни моменти, а колку ќе профитирате од тоа, зависи од ситуацијата. Секој човек е ковач на својата среќа. Морате да бидете смирени и толерантни кон соработниците ако сакате да постигнете колективен успех. Избегнувајте нервози што ќе му штетат на организмот.

Ќе го почувствувате партнерот како нешто повеќе од партнер. Во неговото или нејзино лице ќе видите пријател, а тоа ќе ве натера да се чувствувате исклучително добро во врската. Ако сте осамени во љубовта, постои голема веројатност со ваш пријател да се добие нешто навистина убаво. Охрабрете се, тоа може да е почеток на нова љубов за вас.

Бик

Конечно можете да се опуштите, и покрај тоа што минувате низ тежок период. Потрудете се да останете смирени и со ладна глава. На својствен начин уживате во среќата, а тоа е она што ве одржува во живот. Она што посебно ве прави задоволни е хармонијата што ја најдовте во себе.

Кога е во прашање љубовта, ќе биде потребно да имате поголемо разбирањење за партнерот и да одржувате рамнотежа. Свесни сте дека некои работи не можат да се променат преку ноќ, но длабоко во себе знаете дека сте на добар пат да го постигнете тоа што ви е најмногу важно.

Близнаци

Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Никако не можете да најдете заеднички јазик, но морате да се потрудите да избегнете секакви расправии. Имате проблеми и со дишните патишта, чист воздух и намалување на цигарите добро би ви дошло. Работете повеќе и заборавете на привремените проблеми, така само си правите лошо на себеси.

Можно е да произлезат некакви пререкувања поврзани со пари. За среќа ваш роднина или близок ќе биде медијатор во настанатата ситуација. Не брзајте со одлуките и пробајте да водите нормална комуникација со саканата личност.

Рак

Попасивни сте од вообичаеното, но тоа воопшто не ве вознемирува, насочени сте кон нова љубов. Фантазијата е одлична како компензација за киксовите што ги направивте во последно време. Но, не опуштајте се премногу, може да направите сериозни грешки, по кои нема враќање назад. Здравствената состојба ви е одлична.

Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе сакаат да се запознаат со личност која не покажува никакви интереси.

Лав

Поминувате незаборавни моменти со личности родени во знакот на Водолија или Стрелец. Не е важно колку ќе трае таа среќа, уживајте и заборавете на ситните глупости што ги носи секојдневието. Дружете се и излегувајте. Немојте да се нервирате за ситници, бидејќи немате причина за тоа, секаде околу вас ви цветаат рози. Единственото нешто што не ви дава мир е постојаното незадоволство, научете да ја цените секоја ситница која доаѓа кон вас, независно дали од роднинска или пријателска страна.

Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.

Девица

Постојано наидувате на некакви проблеми. Евидентно е нервирањето поради секоја ситница, па ја оптоварувате околината. Доколку забележите дека луѓето ве избегнуваат, знајте за што станува збор. Не однесувајте се како да сте центар на светот. Кој високо лета, ниско паѓа, а вие се однесувате токму така, па може да наидете на отпор во околината.

Седмицата почнува со чувство на незадоволство, особено за оние кои живеат заедно со партнерот. Можно е да има конфликт помеѓу вас, заради решение во кое не сте на исто мислење со партнерот. Овој конфликт ќе влијае на одреден начин на врската и може да се најдете во ќорсокак.

98c2c9a5a83335491f3d

Вага

Се наоѓате во мошне заплеткана ситуација што бара максимум трпеливост, но за жал, не ја поседувате. Оттаму се и недоразбирањата не само со околината туку и со себе. Некои работи не се одвиваат како што треба и тоа тешко го поднесувате. Треба да ги зачувате нервите за посериозни проблеми. Не сте добро расположени, но партнерот и добар филм може да ви направат да се чувствувате убаво. Внимавајте на исхраната, здравствената состојба не ви е најдобра.

Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Пронајдете алтернативен пат. Во овој момент успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани. Ако сте слободни приликите за нова врска се поволни, но внимавајте вашето однесување да не ви ги расипе плановите.

Скорпија

Влегувате во период што го бара од вас она што го имате во изобилство, силата. Променете ги животните услови на подобро. Ве очекуваат бурни емотивни случувања, дочекајте ги подготвени. Размислувајте за нови пријателства, отворете се кон надворешниот свет. Не морате веќе на ништо да внимавате – толку ви е силен одбранбениот механизам што имате толку големи бариери, па нема шанси некој да ве најде во неподготвена позиција.

Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во првата декада ќе бидат особено емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.

Стрелец

Може да се каже дека сте во целосен хаос, барем кога се во прашање емоциите. Со оглед на тоа што ваквата состојба премина во хронична, воопшто не сте загрижени. Насочете се кон оние области од животот во кои сте најуспешни. Вие сте вистински експерт во тоа што го работите, само ви недостасува малку самодоверба . Здрави сте и полни со енергија, нема да наидете на тешкотии во ниту еден случај. Продолжете така и успесите ќе се нижат.

Средината на неделата ќе се покаже пријатна за вас и партнерот кога ќе имате можност да уживате во финансиски поттик. Исто така саканата личност може да сподели и вест поврзана со кариерата, која дополнително ќе ве воодушеви. Ве очекуваат денови во кои ќе се чувствувате мотивирани и посакувани.

Јарец

Премногу сте растрчани, не знаете што попрво да почнете да правите. Водете сметка да не се изгубите во многуте планови. И покрај тоа што сте способни да решите секаков проблем, мора да го успорите темпото и да се насочите кон себе. Тоа е најдобар начин да дојдете до душевен мир, кој повремено ве напушта. Можни се проблеми  со крвните садови и висок притисок. Доколку сакате тие да не станат посериозни, превземете соодветни мерки.

Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.

Водолија

Потрудете се да го намалите отпорот од околината, со ароганција само се зголемува. Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. Ќе се чуствувате подготвени да тргнете понатаму што ќе ви донесе подобрување во вашата психичка состојба.

Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Потикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.

Риби

Не можете да најдете заеднички јазик со блиските. Проблемите што ги имате веќе подолго време се провлекуваат. Неспособни сте да се приспособите кон околината затоа најдобро е да се дистанцирате. Ве очекуваат и недоразбирања со партнерот, променете ги сопствените ставови. Почнете да водите здрав начин на живот и одморајте се повеќе. Ако сакате да најдете душевен мир, дистанцирајте се од околината која ви создава проблеми.

И приватните односи ќе бидат во криза, внимавајте од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, хармонични и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.