Неделен Хороскоп: Дознајте што ве очекува оваа недела…

Лав

Работа – Размислете добро пред да донесете одлука за евентуална промена на работното место. Иако можеби таа понуда ќе ви делува прекрасно, обидете се да ги разгледате нештата од секој можен агол за подоцна да не се каете.

Љубов – Моментално се наоѓате во љубовен триаголник и не знаете кого да изберете. Можеби би било најдобро и на едниот и на другиот да им дадете шанса, па одлуката да ја оставите за некој иден период.

Здравје – Обидете се да го зајакнете имунитетот

Девица

Работа – Меркур во знакот на риба ви носи занимливи ситуации што мора да ги искористите колку е можно побрзо. Неделата што е пред вас ви носи неочекувани добивки, но и конфликти на работното место. Водете сметка како се однесувате.

Љубов – Доколку веќе подолго време сте сами, можна е нова романса. Немојте да се повлекувате во себе си, туку дозволете му на еден овен да ве заведе.

Здравје – Помали здравствени тегоби

Вага

Работа – Избегнувајте ги импулсивните реакции во текот на оваа недела. Доколку добиете понуда за промена на работното место, почекајте до следната недела за да донесете одлука за истата.

Љубов – Можна е нова љубов со водолија или близнаци. Уживајте во играта на заведувањето, но водете сметка, некому да не му го скршите срцето.

Здравје – Почнете да вежбате.

Скорпија

Работа – Иако Марс излезе од вашиот знак, последиците и натаму се чувствуваат. Немојте нагло да донесувате одлуки, опуштете се и можеби е подобро да ги оставите другите оваа недела да одлучуваат.

Љубов – Личности во знаците бик и вага се обидуваат да ве освојат, но вие како да не сте заинтересирани.

Здравје – Можни се главоболки.

Стрелец… (на следната страница)