Неделен хороскоп: Еве што ве очекува оваа недела

Оваа недела биковите би можеле да бидат изненадени од некоја вага, а раковите би требало да пружат шанса на една водолија или јарец…

Овен

Работа – Тригонот на Марс со Меркур и со Сонцето ви носи нови бизнис прилики! Ова е идеална недела за почеток на нови нешта!

Љубов – Изгледа дека ова е вашиот среќен период! Блескате на полето на љубовта и уживате во вниманието на партнерот. Слободните припадници ги очекуваат занимливи понуди.

Здравје – Спијте повеќе!

Бик

Работа – Доколку имате проблеми на работното место немојте да се плашите да побарате совет од поискусните колеги. И покрај лошите аспекти успевате да се извлечете на најдобар начин!

Љубов – Доколку веќе подолго време сте сами, немојте да ја игнорирате вагата што ќе се појави во вашиот живот. Зафатените припадници ќе уживаат во заедничките мигови и планови!

Здравје – Чувајте се од повреди.

Близнаци

Работа – И покрај добриот аспект помеѓу Меркур и Марс вие моментално се наоѓате во хаос. Бидете трпеливи оваа недела и тргнете се настрана од луѓето што не ви одговараат.

Љубов – Иако претходно имавте проблеми во врската, конечно дојде периодот кога можете да здивнете и да се препуштите на магијата на љубовта!

Здравје – Зајакнете го имунитетот.

Рак

Работа – Ако не сте задоволни со моменталната ситуација, размислете што би можеле да промените. Доколку барате работа во странство сега е вистинското време за да аплицирате.

Љубов – Слободните ракови ќе имаат повик од некоја мината љубов што врз нив ќе остави длабока трага. Размислете добро дали вистинското решение е да се враѓате во минатото или да им дадете шанса на некој јарец или водолија.

Здравје – Немојте да ги избегнувате редовните контроли.

Лав

Работа- Во изминатите недели ги занемаривте сите планови и обврски, затоа сега е вистинското време да поченете да ги решавате. Поволните аспекти ви носат повеќе пари и понуда за ново работно место.

Љубов – Доколку сонувате за некоја голема вистинска љубов, по се изгледа вашите желби конечно ќе се исполнат. Размислете дали треба да пружите прилика на некоја личност што веќе подолго време се вртка околу вас.

Здравје – Премногу сте чувствителни.

Девица

Работа – Јупитер во вашиот знак прави лоши апсекти со Марс и Сатурн, па затоа одложете ги сите важни планови за почетокот на април. Намалете ги трошоците и не потпишувајте никакви документи.

Љубов – Доколку веќе подолго време сте осамени, оваа пролет ќе добиете можност да обновите некоја поранешна врска.

Здравје – Навистина сте уморни.

Вага (повеќе на следната страница…)