Неделен хороскоп: Еве што ве очекува оваа недела

Вага

Работа – Иако се трудите да ги исполните сите обврски и да избалансирате помеѓу приватниот и општествениот живот оваа недела ништо нема да ви оди од рака. Немојте да се грижите, затоа што почетокот на следниот месец ветува подобри аспекти и прилики.

Љубов – Размислувате дали да и’ пружите шанса на една девица или да го продолжите флертот со една привлечна скорпија. Што и да одлучите ќе добиете, затоа што април ви ветува добри љубовни аспекти.

Здравје – Движете се повеќе.

Скорпија

Работа – Оправдано се надевате на покачување на платата и не губите надеж дека ќе го добиете до крајот на оваа недела. Водете сметка да ги завршите сите работни обврски и бегајте од конфликти.

Љубов – Доколку веќе подолго време планирате да тргнете во нови освојувања, сега е вистинското време тоа да го остварите. Се е на вас!

Здравје – Тргнете во теретана!

Стрелец

Работа – Чувствувате олеснување затоа што конечно сте го решиле проблемот што ви се влече од почетокот на годината! Не заборавајте да направите добар план и не претерувајте со трошоците!

Љубов – Слободните припадници на знакот ги очекува нова врска што може да резултира со брак или со заеднички живот. Една риба веќе подолго време има чувства за вас, но нема храброст тоа да ви го признае.

Здравје – Одмарајте повеќе и внесувајте течност!

Јарец

Работа – Пред вас се нови почетоци што треба да ги искористите на вистинскиот начин. Добрите ѕвездени аспекти ветуваат повеќе пари на почетокот на април, но е важно да ги вложите на вистинските нешта.

Љубов – Оваа недела се е во знакот на страста и љубовта! Партнерот конечно се однесува така како што сакате и уживајте во љубовната идила. Слободните Јарци ќе се препуштат на флертот и ќе уживаат во вниманието.

Здравје – Избегнувајте стресни ситуации.

Водолија

Работа – Опседнати сте со работа и со тоа како да ја подобрите финансиската ситуација. Опуштете се и почекајте приликите сами да ви дојдат. Морате да научите дека ништо неможете да добиете на сила.

Љубов – Исклучително поволен период за проширување на семејството и за заеднички живот! Доколку сакате да направите чекор повеќе во вашата врска и да ја преземете иницијативата. Слободните Водолии ќе имаат прилика да запознаат некоја занимлива личност на еден собир.

Здравје – Посветете се на физички активности

Риби

Работа – Се додека е Венера во вашиот знак водете сметка за парите и немојте да правите радикални планови! Непромислените изјави може да ви донесат проблеми и внимавајте за што говорите во присуство на колегите или на надредените!

Љубов – Се наоѓате веќе подолго време во љубовен триаголник. Крајно време е да се одлучите на која страна сакате да одите.

Здравје – Потребен ви е одмор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.