Неделен хороскоп од 28. декември до 3. јануари

Слободните ракови ќе имаат можност да запознаат личност која ќе им го привлече вниманието и тоа на новогодишната ноќ.

Овен

Работа – Ако сакате да избегнете компликации, повеќе пати проверете ги сите информации кои доаѓаат до вас и избенувајте трошоци иако во пресрет се презниците.

Љубов – Важно ви е да го израдувате својот партнер, но за возврат очекувајте нешто многу повеќе. Бидете рални и избгнувајте кавги.

Здравје- Опуштете се и уживајте во празничното расположение.

Бик

Работа – Венера укажува дека би требало да поведете повеќе сметка за своето однесување и впечатокот кој го оставате на околината. Внимателно бирајте ги соработниците за новите проекти. Ќе добиете понуда за исклучително добра работа.

Љубов-Подеднакво уживате во дружењето со младите, но и повозрасните личности. Комуникацијата со партнерот станува поопуштена и попријатна.

Здравје-Избегнувајте стресни ситуации

Близнаци

Работа-Она што на прв поглед делува лесно и едноставно, понекогаш во себе крие дополнителни проблемикои тешко се надминуваат. Ако сте опкружени со личности со кои не сте во добри односи на работа, избегнувајте расправии, бидејќи вам ѕвездите моментално не ви се наклонети.

Љубов-Ако сакате да го убедите партнерот дека сте во право, не потпирајте се само на силата на аргументите. Употребете го и својот шарм и заводнички способности.

Здравје- Обратете внимание на исхраната

Рак

Работа – Моментално немате доволно концентација да се занимавате со работи кои не се на вашата приоритетна листа.

Љубов-Имате впечаток дека партнерот молчи дека нешто се случува, што дополнително ја зголемува вашата емотивна вознемиреност. Слободните ракови ќе имаат прилика на новогодишната ноќ да запознаар некоја личност која ќе им го привлече вниманието.

Здравје-Внимавајте на пораките кои ви ги испраќаат вашите сониште.

Лав

Работа – Нови предизвици во вас поттикнуваат желба за професионално докажување Имате големи очекувања како од себе така и од колегите и претпоставените.

Љубов-Изгледате многу несигурни и претпазливи. Имате чувство дека партнерот се сомнева во вашата искреност и се трудите на разни начини да му покажете колку ви значи. Опуштете се и уживајте за време на празниците.

Здравје – Одлично.

Девица

Работа-Од приоритетно значење за вас е работниот однос со Бик, Јарец или Рак. Немојте да правите ништо што е спротивно на вашите интереси. Меркур во знакот на Јарец ве поттикнува да ги довршите започнатите работи.

Љубов-Полека почнува да ве иритира однесувањето на партнерот. Ако сте сами, повеќе излегувајте. Можна е нова љубов.

Здравје-Доста е со работа, време е за одмор.

Вага

Работа-Вешто го користите својот авторитет за да ги остварите саканите цели во работните преговори. Кога сметате дека сте во право, различните мислења не сакате ниту да ги чуете. Прилично сте нетрпеливи и често нетолерантни. Поведете сметка за трошоците.

Љубов-Нема крај на вашето задоволство кога сте во кругот на семејството. Ви одговора вниманието на партнерот. Ако сте сами, очекувајте нови искушенија. Добро сте расположени.

Шкорпија

Работа-Се додека Венера е во вашиот знак имате причина да верувате во поволен резултат не некои комплицирани работни ситуации. Избегнувајте конфликт со аворитети, особено ако и самите знаете да преземте некоја одговорна ситуација.

Љубов-Некое ново друштво позитивно влијае на вашето расположение. Еден стрелец веќе долго време има чувства кон вас.

Здравје-Посетее стоматолог пред празниците.

Стрелец

Работа-Потрудете се да го искористите овој поволен период за довршување на заостанатите обврски.

Љубов-Понекогаш ви се чини дека никој не ги разбира вашите емотивни проблеми. Бидете искрени кон себе и партнерот и престанете да драмите. Уживајте во она што го имате.

Здравје-Не претерувајте со масната храна и слатките.

Јарец

Работа-Важно е правилно да ги одвоите професионалните од приватните интереси за да спречите дополнителни компликации. На работа многумина се обидуваат да влијаат на вас, но вие сте убедени дека се поигруваат.

Љубов-Јасно ви е дека не можете да добиете се што ќе посакате, но непрекинато смислувате нови стратегии на освојување и не се откажуваје лесно од своите цели.

Здравје- Повеќе движете се, не претерувајте со алкохолот.

Водолија

Работа-Подготвени сте да се пробате во некои провокативни комбинации, бидејќи верувате во своите способности и очкувате позитивни резултати. Многу сте амбициозни и добро организирани, подготвени да влезете во некои ризични работи.

Љубов – Ве очекуваат пријатни моменти со саканата личност. Уживајте во сите убави работи ои можете да си ги дозволите себеси и на личностите кои ви се драги.

Здравје- Во одлична форма сте.

Риби

Работа-За да ги остварите вашите планови, мора да се ангажирате на повеќе страни. Имате добри проценки, но не сакате некој да ве контролира и да го проверува вашиот начин на работа. Ви пречат нечии негативни коментари.

Љубов-Во односот со партнерот не се согласувате со некои нови услови или некој вид емотивни уцени. Избегнувајте расправии.

Здравје-Ќе ви годи одмор.