Неделен хороскоп: Што ве очекува до 11-ти јули?

Дознајте што ве очекува оваа недела како на работен, така на љубовен и на здравствен план.

Овен

Неделава ќе се чувствувате мн огу подобро и многу позадоволни со себе си. Н е оптоварувајте се премногу со семејните проблеми. Потрудете се вашите проблеми да ги задржите за себе си и да не ги оптоварувате другите. Можни се зголемени трошоци оваа недела. Не е добра недела за некое поголемо купување. Премногу сте чувствителни, но се оди како што планиравте. Занимавајте се со спорт!

Бик

Комуникативни сте и прекрасно сте расположени. Можете да остварите добри контакти неделава, а многу луѓе може да ви бидат од помош што се однесува до рабоатата. Можеби би било паметно да побарате помош од некои женски личности. Помалку сте чувствителни на критики. Внимавајте во сообраќајот. Можен е пократок пат оваа недела.

Близнаци

Оваа недела можен е прилив на пари. Прилично сте задоволни како се одвива ситуацијата на работното место. Ова е одличен период за некои новости, за започнување нова работа или дополнителни задачи. Не позјамувајте пари на други. Можни се проблеми со варењето, па затоа внимавајте да не се прејадувате. Ова е одлична недела за купување, но и за средување на домот.

Рак

Премногу сте чувствителни. Би било најдобро повеќе време да поминувате со семејството. Потрудете се да се насочите на себе си, а помалку внимание да обраќате на другите луше. Не трошете енергија на нештата што не ви се важни. Важно е да се фокусирате оваа недела. Склони сте на флерт и на забава, но бидете умерени. Страствени сте.

Лав

Помалку сте уморни од се. Потрудете се да не ги работите нештата што не ви се примерни. Занимавајте се со спорт и одмарајте повеќе. Немојте да се нервирате што не стигате се да завршите на време. Можни се проблеми во семејството, но сите проблеми ќе ги решите лесно и брзо.

Девица

Ова е одлична недела за дружење. Немојте да ги запоставувате пријателите поради обврските. Премногу сте чувствителни. Оваа недела повеќе би сакале да останете дома, сами. Имате доста планови, но би било добро подобро да се организирате. Потрудете се да бидете детални, а тоа нема да ви биде тешко затоа што сте перфекционист. Можни се проблеми со струја и со техниката, па затоа немојте ништо сами да поправате.

Можеби ќе ве интересира и ова:

Неделен љубовен хороскоп – Што ве очекува на љубовен план до 10-ти јули?

За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…