Неделен хороскоп: Што ве очекува до 11-ти јули?

Вага

Оваа недела фокусот ќе биде на работата. Вредни сте и амбициозни. Сакате да работите и повеќе да се докажете. Потрудете се да не ставате се на срце. Можни се зголемени трошоци. Внимавајте каде ги оставате докуметите и паричникот. Немојте да се прејадувате.

Скорпија

Имате вишок енергија. Се чусвтвувате прекрасно. Немојте да им дозволите на другите да ве испровоцираат, ова особено важи за оние што имаат партнер. Немојте да правите љубоморни сцени. Одете на пократко или на подолго патување или барем почнете да планирате. Оваа недела е добра за дружење.

Стрелец

Напнати сте. Знаете дека имате голем број обврски, но сепак некои обврски како намерно да сте ги „заобиколиле“. Сега се доаѓа на ред, па би требало да бидете посеиозни и да се соберете. Бидете пријатни кон соработниците, затоа што може да ви бидат од помош. Оваа недела би требало да штедите, што ви паѓа тешко. Поставете си јасни приоритети.

Јарец

Неделава посветете се на партнерот ако сте во врска. Односите со партнерот ќе бидат нагласени. Известен е некој флерт а дали ќе стане нешто повеќе, ако сте слободни, тоа зависи од други лица, а не од вас. Романтични сте. Ова е одлична недела за дружење. Помалку ќе бидете забавени, но важно е да работите како вие што сте замислиле, а да не ги слушате другите.

Водолија

Неделава би било добро да се посветите на работата. На работното место мжете да воведете некои нови работи, за да можете себе си да си олесните. Ќе имате помош од некоја повозрасна женска личност, иако оваа недела нема проблеми на работното место. Важно е она што ќе го започнете сега и да го завршите. Дајте се од себе си и ќе бидете наградени. Имате вишок енергија, но не брзајте за да не направите грешки. Бидете искрени кон партнерот, ако сте во врска.

Риби

Важно е да успорите. Потрудете се да се фокусирате на патнерот, ако сте во врска. Ако сте слободни големи се шансите да запознаете некоја личност преку пријателите. Важно е да не ви биде здодевно оваа недела. Посвете се на вашите хобија. Не планирајте некое подолго патување оваа недела, подобро е тоа да го одложите за следната недела.