сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 20

Неделен хороскоп: Што ве очекува до 12-ти септември?

Дознајте како ви се наклонети ѕвездите оваа недела. Дали ова е поволен период за љубов или не...

horoskop-5-420x240

Поврзани вести

Дознајте како ви се наклонети ѕвездите оваа недела. Дали ова е поволен период за љубов или не…

Овен

Оваа недела очекувајте помош од други луѓе, но не и премногу успеси на работното место. Сега е време за завршување на обврските. Можни се недоразбирања на работното место. Премногу разговор може да ви штети, па затоа немојте лесно да се отварате пред другите . Вашите проблеми задржете ги за себе си. Што се однесува до љубовта се оди како што треба. Зафатените се задоволни од односот, а слободните повеќе ќе комуницираат со некоја личност што им се допаѓа.

Бик

Потрудете се оваа недела да поминувате повеќе време со партнерот. Ако сте слободни, повеќе ќе се посветите на работата. Компромисите се задолжителни на работното место. Некоја женска личност може да ви биде од помош. Добро се чусвтвувате. Вредн и сте и полни со елан, сакате да воведете некои промени. Важно е само да не се префорсирате. Можни се некои ненадејни трошоци.

Близнаци

Се чувствувате помалку забавено. Толку многу сакате да сработите, но секогаш ви искрснува по некоја нова обврска и никако да го завршите планираното. Потрудете се да се држите до планот . Другите луѓе не може да ви бидат од голема помош, па воопшто и не ја очекувајте. Она што се менува од оваа недела е тоа што помалку време ќе бидете во домот, а повеќе ќе имате потреба да излезете од домот, во природа. Ако имате партнер, испланирајте некое патување, а ако сте слободни може да запознаете некоја интересна личност.

Рак

Оваа недела не е добро да потпишувате било што. Почекајте некој подобар период. Најдобро би б ило да се свртите кон средување на домот, на документите и битните нешта. Внимавајте да не заборавите на некои рокови што ги имате на работното м есто. Сега е време да се распрашате за некој телефон што сакате да го купите, па дури и за автомобил. Не запоставувајте ги роднините и пријателите, па иако можеби не сте расположени, посветете им време на драгите луѓе. Поминувајте повеќе време во домот со партн ерот. Слободните, преку работното место може да запознаат некоја личност што ќе им се допадне.

Лав

За зафатените можни се проблеми во врска со партнерот. Потрудете се да се насочите на решавање на постоечките проблеми и не драматизирајте. Немојте да правите љубоморни сцени, но немојте ниту да м у давате на партнерот повод за љубомора. Слободните претставници на знакот, на некое патување може да запознаат некоја занимлива и прилично комуникативна личност. Би било добро да не купувате нешта што сега не ви се потребни. На работното место нема да бидете посебно задоволни, одработете го она што треб а и продолжете понатаму. Оваа недела е препорачлива за забава. Немојте да се оптоварувате со приказните на другите луѓе.

Девица

Фокусирајте се на себе си. Оваа недела е добра за работа, но и за љубов. Зафатените ќе уживаат, а слободните ќе се двоумат кого да изберат. Свртете се на уживање во добра книга, филм, добра храна. Помалку ќе бидете напнати поради помалите тензии во семејството, но решението е да се тргнете настрана и да не се оптоварувате. Потрудете се да го забавите малку ритамот и да внимавате што и кому му говорите.

За другите знаци повеќе на следната страница…

Најчитани вести