Неделен хороскоп: Што ве очекува до 12-ти септември?

Вага

Ова е вашата недела. Неделава дури и Венера е во вашиот знак, а сега по неколку години влегува и Јупитер во вашиот знак. Ќе ви донесе ентузијазам, добро расположение, желба за напредување и нови успеси. Одете на некое патување или испланирајте нешто такво. Не дозволувајте си себе си да се насочите само на една работа, на работа или љубов пред да се усогласите. Потребно е да имате план, за сепак да не си направите проблем со сите желби што ги имате. Односот  со партнерот се подобрува, а и вие ќе почуствувате засилена потреба за заеднички живот.

Скорпија

Оваа недела ќе имате повеќе енергија од  вообичаено. Добро се чувствувате. Немојте да бидете премногу крути во некои ставови поврзани за работата, попуштете малку за да почнете да ги завршувате обврските. Што се однесува до љубовта, немојте да криете некои работи од партнерот. Слободните може да влетаат лесно во авантура. На некое патување внимавајте каде го оставате паричникот и докум ентите, особено во превозот, во сообраќајот. Добро ќе ви дојде диета, не претерувајте со зачинета храна.

Стрелец

Не оптоварувајте се премногу со тоа што мислат другите за вас. Можеби ќе имате помал застој на работното место, но дајте се од себе си и повеќе потрудете се за да ги надминете сите препреки. Бидете пријатни кон соработниците. Дури иако нешто не ви се допаѓа кај некоја личност со која што работите, не морате секому се да кажете во лице. Напнати сте, но напнатоста ќе се намали до крајот на неделата. Сакате да воведете некои промени на работното место. Дружете се повеќе со пријателите. Преку интернет или преку пријателите може да запознаете некоја занимлива, весела личност. Зафатените, треба да му приредат некое изненадување на партнерот.

Јарец

Некоја женска личност  може да ви биде од помош на работното место. Птрудете се да се фокусирате на работата и на соработката. Ако се занимавате со уметност се ќе оди многу полесно. Можен е зголемен обем на работата. Склони сте кон флерт. Зафатените не треба да го запоставуваат партнерот поради работата. Можни се проблеми со грбот и со циркулацијата.

Водолија

Неделава можни се проблеми со техниката или некои помали дефекти. Ова не е добар период за купување нови предмети за во домот. Потрудете се да одите на некое пократко патување. Растоварете се некако. Очекувајте поддршка од партнерот во врска со работата. Слободните би било најдобро оваа недела да не влегуваат во некои сериозни приказни туку да се опуштат и да се посветат само на работата. Позитивни сте и одлично се чувствувате, а така ќе биде во текот на цела недела.

Риби

Прилично сте напнати поради работата. Подобра е соработката со жените отколку со мажите. Немојте да им позајмувате пари на другите. Зафатените не треба да влегуваат во расправии со партнерот. Ова не е добар период за решавање на било какви конфликти затоа што само ќе си направите поголем проблем. Оставете да помине оваа недела, да се смират страстите. Слободните се страствени и склони кон авантури.