Неделен Хороскоп: Што ве очекува до 15-ти мај?

Прочитајте што ве очекува во наредните седум дена (од 9-ти до 15-ти мај) на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со домашните… Како ќе ве служи здравјето и дали сега е вистинското време за да инвестирате.

Овен

oven-znak-1Работа – И покрај моменталната стагнација верувате дека ситуацијата на работното место наскоро ќе биде подобра. Имате многу добри идеи чија реализација би можела да ви донесе голема заработка. Потрудете се да ги сочувате самоконтролата и интегритетот во критичните ситуации за да не ги откриете вашите слабости таму каде што тоа не е пожелно. Следува подобрување на финансиски план. Ова е поволен период за собирање на старите долгови.

Љубов – Некоја нова љубов сериозно ќе ве исфрли од рамнотежа. Вие припаѓате на онаа група на луѓе што врската ја градат првично врз емоциите, а овие денови ќе имате и премногу емоции. Не започнувајте нова врска пред да расчистите со старата.

Здравје– Здравствената ситуација постепено се стабилизира.

Бик

bik-znak-1Работа – Тројната конјукција на Сонцето, Меркур и Венера ги поттикнува вашите амбиции, па успехот е неизбежен. Нема потреба да прибегнувате кон било какви манипулации затоа што и без нив ќе ги оставрите целите. Би било добро малку да забавите, затоа што ако продолжите со ова темпо нема долго да издржите. Усогласете ги желбите и можностите и бидете пореални кога ќе ги поставувате новите цели.

Љубов – На повидок е страсна врска. Потрудете се да ги избегнувате љубоморните сцени затоа што и без нив сте доволно незгодни. Препуштете им се на чувствата. Уживајте во ретките, магични мигови.

Здравје– Ако претерате со храна и пијалок, можни се стомачни тегоби.

Близнаци

bliznaci-znak-1Работа – Поради површниот однос кон работата или одложувањето на работните обврски можни се проблеми на работното место. Да не сте се погубиле во мноштвото идеи и желби? Под итно направете прецизен план за работа и придржувајте се до зададените рокови. Потрудете се во текот на наредните денови да бидете порационални како што му доликува на вашиот знак. По никоја цена на отстапувајте од вашите планови. До профит ќе дојдете со итрина.

Љубов – Страст, страст и само страст. Дали воопшто можете да функционирате без неа? Доколку не сте во можност да го задоволите вашето силно либидо, пренасочете ја енергијата на креативни работи.

Здравје– Можни се проблеми со бубрезите и со уринарниот тракт. Зајакнете го имунитетот, пијте доволно вода.

Рак

rak-znak-1Работа– Доколку се занимавате со некоја интелектуална работа, наместо очекуваната голема заработка, можни се загуби. Поминувате низ работна и лична криза од која што ќе излезете пооплеменети и поквалитетни. Со оглед на тоа што се ви станало здодевно и бесмислено, би било добро да го преиспитате вашиот однос кон работата. Доколку моменталната ситуација не ви одговара, барајте нешто подобро. Кој бара, тој ќе најде. Внимавајте на неискрените „пријатели“.

Љубов – Емотивните расчистувања почнаа да ве оптоваруваат. Се случува она што очигледно се случува во сличните ситуации. Бидете подготвени на промени и бидете поотворени.

Здравје – Проблеми со грлото и со жлездите. Ако е потребно побарајте стручна помош.

Лав

lav-znak-1Работа – Благодарение на позитивните планетарни аспекти, можете да се надевате на подобрување и тоа не само на материјален план. За добро завршената работа добивате пофалби, а можно е и унапредување. Тешкотиите се зад вас, влегувате во помирна фаза. Обидете се да се изборите со сопствените слабости. Не задлабочувајте се премногу во туѓите проблеми, затоа што ниту сопствените не сте во состојба да ги решите. Делете совети само ако некој го побара тоа од вас.

Љубов – Доколку веќе подолго време сте сами очекувајте нови љубовни возбудувања. Најмногу ви одговараат личности во знаците Вага и Стрелец, но и останатите знаци се во игра. Ќе бидете во големо искушение. Судбината ви е наклонета.

Здравје– Можни се помали проблеми поради временските услови.

Девица

devica-znak-1Работа– Ќе имате многу среќа, а нема ниту да бидете свесни за тоа. Таман кога ќе помислите дека сте пред крах, ќе пристигне решението. И покрај се, тешко се справувате со стагнацијата. Промените што ви се случуваат се само природен след на настаните. Можеби се нагли, но цело време требаше да водите сметка за нив. Бидете трпеливи и избегнувајте брзоплети реакции. Не однесувајте се автодеструктивно и бидете умерени во се.

Љубов – Во врската треба да промените нешто доколку сакате да ја сочувате. Можеби ви треба нов пристап во сексот. Скорпијата и Овнот за вас се фатални деновиве.

Здравје – Болестите поврзани за инфекции и психолошки проблеми бараат посериозен пристап.

За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.