Неделен Хороскоп: Што ве очекува до 15-ти мај?

Вага

vaga-znak-1Работа – Подготвени сте да се соочите со новите предизвици на работното место. Исполнети сте со позитивна енергија, но тоа не е причина за да бидете тврдоглави. Скротете ја повремената невротичност и бидете трпеливи. Почекајте да дојде поволен момент за акција. Сметате дека соработниците ги одолговлекуваат и ги отежнуваат нештата. Немојте да ја расипувате добрата клима на работното место. Свртете се кон уметноста, затоа што креативноста е засилена. Ќе создадеете ремек-дело иако така не ви изгледа.

Љубов – Одлично се сложувате со лицата родени во знаците Стрелец и Водолија. Доколку неможете да си го дозволите нивното друштво, ниту Рибите, односно Близнаците не се за потценување. Мрморете помалку, повеќе уживајте.

Здравје – Внимавајте на исхраната, одморете се психички и физички.

Скорпија

skorpija-znak-1Работа– Имате многу работа, а малку резултати. Со оглед на тоа што крајот на маките на работен план не се наѕира, прифатете го тоа како нешто неминовно и бидете истрајни. Ќе има пари, но со задоцнување. Поради ретроградното движење на вашиот владетел Марс, се оди побавно отколку што посакувате. Можни се недоразбирања со околината. Бидете потолерантни. Доколку ви претстои некоја јавна презентација, водете сметка да не направите грешка.

Љубов – Исклучително поволен период за љубов и за размена на нежности. Оваа недела ве очекуваат многу пријатни возбудувања. Либидото е нагласено. Ако сте сами можна е авантура.

Здравје – Умереноста е најдобар чувар на здравјето. Не претерувајте со алкохолот.

Стрелец

strelec-znak-1Работа – На роботното место се однесувате премногу емотивно, а во љубовта разумно. Некаде грешите. Откако дојдовте до значајниот увид, ситуацијата се промени. Мора од нешто да се откажете, што, мора да признаете, тешко ви паѓа. До успех доаѓате само преку соработка, па ако сакате таа да биде добра, морате да ги исфрлите вашите отровни жалопојки од играта. Смирете се и потрудете се сталожено да испливате од проблемите. Ќе успеете, под услов да не се откажете на половина пат.

Љубов – Можни се проблеми во комуникацијата со партнерот. Бурните реакции не се секогаш најпожелни. Што да се прави, кога во наредниот период функционирате по принципот на разумот и чувствителноста.

Здравје – Стомакот ви е слаба точка. Внимавајте на исхраната.

Јарец

jarec-znak-1Работа – Се однесувате во стилот „сакам – нејќам“. Соработниците ви ласкаат и се обидуваат со убави зборови да ве оддалечат од проблемите. Немојте да се држите до тоа. Бидете истрајни во тоа што сте го наумиле. Затоа што, како и повеќето луѓе не сте имуни на пари, сфаќате дека изолирани од светот неможете да стасате до него. Финансиските проблеми бараат трпение, а до расрешување на кризата ќе дојде кон средината на летото. Засега само залудно треперите. Фрлете се на работа.

Љубов – Што сакавте тоа и добивте. Љубов, секс и останати задоволства ќе имате на претек. Внимавајте само да не се префорсирате. Уживајте во ретките мигови на апсолутна среќа.

Здравје – Блага нервоза поради проблемите на работното место. Опуштете се.

Водолија

vodolija-znak-1Работа – Ако работите во здравството и во институциите од затворен тип, очекувајте успех. Оние што работат во другите сектори ќе мора да бидат трпеливи. Се се одвива во стилот „еден чекор напред – назад два“. Веќе ви се смачи забавеноста со која што некои нешта се расчистуваат. Парите пристигаат полека, иако не ве прават комплетно задоволни. Медитацијата помага да дојдете до душевен мир и да испливате од секојдневните проблеми.

Љубов – Овој сегмент од животот ви е моментално запоставен затоа што сте окупирани со егзистенционални проблеми. Ви недостига наклонетоста на партнерот.

Здравје – Лошите навики оставаат последици врз здравјето. Потребен ви е одмор. Внимавајте на исхраната.

Риби

ribi-znak-1Работа – Ве очекува напредување во работната хиерархија. Не дозволувајте тој да  ве успие, затоа што во спротивно постои шанса доцна да се разбудите. Доживувате духовно процветување. Со оглед на тоа што им давате предност на универзалните вредности, би било добро да останете доследни на вашите идеали, но и веќе еднаш да преминете од зборови на дела. Околината со причина го очекува тоа од вас.

Љубов – Исклучително поволен период за љубов. Преплавени сте со убави емоции, па потрудете се на партнерот да му дадете незаборавни мигови. Покажете му колку ви е дојдено до вашата врска.

Здравје – Благовремено грижете се за здравјето. Движете се повеќе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.