Магазин

Неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти јули?

Неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти јули?

Овен

Оваа недела ќе бидете свртени кон забавата и кон спортот. Тоа е добро затоа што ќе се релаксирате за промена. Важно е да не ја запоставите работата, но голем број работи што ќе ги сработите ќе одат полесно од вообичаено. Ако треба нешто да објавите или да отпочнете, сега е вистинско време за тоа. За слободните ова е идеална недела за авантура и забава. Зафатените треба да се потрудат  да се насочат на позитивните нешта во односот и да поминуваат повеќе време со партнерот и да се забавуваат. Не дозволувајте односот да западне во секојдневие.

Бик

Посветете му се на семејството. Немојте да го запоставувате семејниот живот поради работата. Важно е да најдете повеќе време за себе. Што се однесува до работата, ќе бидете задоволни со приливот на пари, но правите планови и за понатаму. Немојте да бидете задоволни со моменталниот успех. Организирајте се подобро. Ако сте во врска неделава нема да има некои промени, а ако сте слободни „не паѓајте“ лесно на комплиментите на другите.

Близнаци

Комуникативни сте. Добро се чувствувате. Немојте да се нервирате премногу околу тоа што го говорат другите луѓе. Оваа недела е идеална за да си купите нов телефон, телевизор или автомобил. Одете на пократко патување, макар само и за викенд. Немојте премногу да ја разубавувате реалноста, туку бидете реални. Што се однесува до односот со партнерот, ако сте во врска, не дозволувајте другите да влијаат врз вашиот однос со партнерот. Ако сте слободни, не морате оваа недела да го менувате тој статус. Важно е да имате со кого да разговарате и да разменувате пораки. Флертот  е доволен неделава.

Рак

Добро би било да се насочите на работата. Се кај вас „цвета“. Добро се чувствувате. Немојте да се предавате иако апетитот ви е зголемен. З наете и самите дека промените потоа одат бавно, а вам ви е можне важен изгледот и вашето здравје. Оваа недела е време малку повеќе да се погрижите за надворешниот изглед, да почнете со диета. Што се однесува до љубовта, одете на некое пократко патување со партнерот, внесете нешто ново во односот. Страстите се засилени. Оние слободните се склони кон авантури.

Лав

И понатаму се е во ред кај вас. Оваа недела конечно Сонцето влегува во вашиот знак. Ќе се чувствувате прекрасно со неколкуте планети што ќе се најдат во вашиот знак. Имате доста енергија, но треба да размислите што навистина вреди за да го трошите времето. Потрудете се да се насочите на вашите потреби, а што се однесува до работата, немојте да се спротивставувате на  авторитетите. Паричната ситуација е во ред, иако сепак не сте во целост задоволни. Што се однесува до љубовта или ќе останете во односот во кој што сте задоволни или ќе останете сами но задоволни. Нема компромис.

Девица

Најдобро би било малку да ја „спуштите топката“. Не треба да трошите премногу време и ене ргија на другите луѓе, а ко мислите дека не се вредни за тоа. Бидете насочени повеќе на вашиот приватен живот. Сега е време за одмор, за планирање некои нови нешта, а не за враќање наназад. Бидете практични, како што знаете да бидете, и не преземајте премногу обврски врз себе си. Што се однесува до односот со партнерот, треба да се фокусирате на себе си и немојте ништо да криете од партнерот туку бидете отворени. За слободните ова не е време за промени.

За другите знаци прочитајте повеќе на следната страница…