Неделен хороскоп: Што ве очекува до 4-ти јули?

Дали ѕвездите ви се наклонети оваа недела? Дознајте што ве очекува до 4-ти јули…

Овен

Дали планиравте некое патување? Ако не сте, сега е вистинското време да го направите тоа. Имате вишок енергија што треба да ја потрошите и немојте да ги оставате обврските недовршени. Од 30-ти јуни ќе можете да здивнете и конечно ќе имате повеќе енергија. Ова е добар период за да се фокусирате на започнатите работи, но и да започнете нешто ново. Убаво ви е кога поминувате време дома, но излезете и надвор, запознајте некои нови луѓе додека сте во град или пак сте излезени.

Бик

Потрудете се да штедите малку повеќе. Не се чувствувате баш најдобро, исцрпени сте. Би било добро да се насочите на сопствените потреби, а од четврток до крајот на неделата можете да бидете прилично забавени. Напнати сте туку имате впечаток дека проблемите не се решаваат толку брзо колку што вие би сакале тоа да се реши. Имајте трпение. Добра ви е паричната ситуација. Одлични ви се аспектите за патувања.

Близнаци

Не се чувствувате баш најдобро. Немате доволно време за себе си. Другите луѓе може да ви бидат од помош, но не би требало да очекувате премноги. Партнерот е напнат, ако сте во врска, можни се расправии. Ако сте слободни, тогаш сте склони кон флерт и можете да запознаете некоја забавна личност. Не прејадувајте се, а ова особено важи за десертите.

Рак

Добро се чувствувате. Не оптоварувајте се со работа. Оваа недела е добра за разубавување, за грижа за себе си и за здравјето. Не нервирајте се премногу околу обврските. Некоја машка личност на работното место може да ве извади од такт. Би било добро да не покажувате премногу емоции на работното место. Некои работи што ги знаете за вашите блиски би требало да ги задржите за себе си.

Лав

Дружете се повеќе, ова треба да ви биде императив оваа недела. Потрудете се да се фокусирате на новите контакти. Имајте во предвид дека може да се појави некоја нова личност во вашиот живот. Можни се промени во домот и во семејството. Можете да го преуредите станот или да нпаравите план за тоа.

Девица

Оваа недела би било добро да ги проширите вашите контакти. Запознајте некои нови луѓе. Многу нешта ќе ви се случуваат на работното место па бидете во тек. Можни се некои ненадејни трошоци. Потрудете се да не се преоптоварувате премногу со ситници, но и да не трошите премногу пари. Можете да добиете некои пари што ги чекате одамна, некој да ви врати некој долг или станува збор за наградна игра.

За другите знаци повеќе на следната страница…