Неделен хороскоп: Што ве очекува до 4-ти јули?

Вага

Се чувствувате подобро од порано. Имате впечаток дека можете да ги остварите сите планови што ги имате. Потрудете се да се фокусирате на пошироката слика, но и на деталите на работното место. Сега конечно ќе се придвижи ситуацијата во врска со партнерот – или ќе ги решите сите проблеми што ги имате или ќе го прекинете односот. Ако сте слободни можеби на некое патување ќе запознаете личност што ќе ви го привлече вниманието.

Скорпија

Оваа недела би требало повеќе да поработите на вашите идеи и планови. Не преземајте повеќе обврски отколку што можете да сработите. Од четврток ќе имате многу повеќе енергија и подобро ќе се чувствувате. Страствени сте. На некое патување можете да запознаете некоја личност што ќе ви се допадне. Секако можете и во вашето место, но таа личност нема да биде од вашиот град. Се поправаат околностите на работното место.

Стрелец

Оваа недела имате повеќе енергија. Се чусвтвувате прекрасно. Не оптоварувајте се со работа, туку гледајте повеќе да се опуштите и да се забавувате. Што се однесува до работата, премногу сте оптоварени, но некако се е забавено затоа што работата не ви е приоритет. Ако сте во врска, можете да запознаете некоја забавна личност.

Јарец

Не сте веќе толку напнати. Сега сакате да се посветите на себе си, не ви пречи тоа што сами. Сакате да се тргнете малку од другите луѓе иако сите се пријатни кон вас. Лесно со помош на другите луѓе ќе остварите се што сте планирале. Можна е несоница. Не расправајте се премногу со личностите од машки пол, само повеќе ќе се нервирате. Потребно е некои работи од минатото, што се однесуваат на сегашните или поранешните врски да ги оставите во минатото и да тргнете понатаму. Ова е добра недела за љубов.

Водолија

Склони сте кон флерт. Страствени сте. Можете да запознаете некоја личност што ќе ве интересира преку пријателите, преку група луѓе, или преку интернет, или на работното место. Сега шансите ви се на подобро. Ова не е време за авантури. Задоволни сте затоа што на работното место се ви оди како што треба. Бидете пријатни кон соработниците. Оваа недела успехот е сигурен.

Риби

Ќе имате гости или вие ќе одите во посета на роднините. Оваа недела би требало да се посветите на некои нови обврски на работа и бидете малку поактивни. Премногу внимание обрнувате на деталите, а тоа ве забавува. Сепак, конечно ќе можете да промените некои нешта, нема да бидете премногу напнати затоа што ништо не ви оди како што сте замислиле. Дајте си малку одмор, макар за викендот и намалете го стрестот. Ова е одлична недела за врски и за вљубување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.