Неделен хороскоп: Што ве очекува до 8-ми август?

Вага

Немојте да се лутите поради обврските што ги имате. Обидете се да ги испочитувате роковите. Немојте да се нервирате за ситници. Би било добро повеќе да се дружите со пријателите. Нема повеќе да се оптоварувате околу парите. Внимавајте во сообраќајот, можни се расправии со блиските луѓе.

Скорпија

Имате желба на работното место се да биде како што треба. Немојте да бидете префекционист, тоа сеуште не е возможно. Ќе имате поголеми трошоци од вообичаено. Испланирајте некое патување, тоа ќе ве растовари. Слободните, преку работното место може да запознаат некоја личност. Зафатените не треба да го запоставуваат партнерот поради работата.

Стрелец

Имате вишок енергија. Добро се чувствувате. Најдобро би било да не се оптоварувате премногу околу работата. Фокусирајте се на себе си. Занимавајте се со спрот. Важно е добро да се организирате и да направите баланс меѓу работата и приватниот живот. Хранете се поздраво.

Јарец

Напнати сте затоа што не стигате ништо да завршите на време. Потребна ви е подобра организација, но расеани сте. Ова е одлична недела за да испланирате некое кратко патување. Малку сте забавени, а не ви се допаѓа ниту притисокот од сите страни. Страствени сте. Немојте да му правите љубоморни сцени на партнерот.

Водолија

Можни се проблеми со пријателите. Немојте да им се доверувате на другите луѓе. Немаат сите добри намери. Немојте да се прејадувате, особено избегнувајте ги слатките. Можни се уринарни инфекции. Немојте да се преморувате, затоа што може да бидете нервозни поради тоа. Можна е  несоница. Премногу се грижите.

Риби

Помалку внимание ќе и посветите на работата. Свртени сте кон забавата, хобито, луѓето што ви се драги. Сите ви се од помош. Би било добро да побарате помош од некого ако неможете се сами да сработите. Имајте разбирање за луѓето што се поинакви од вас. Толеранцијата во врската е задолжителна оваа недела, а ако сте слободни немојте набрзина да влегувате во врска.