Неделен хороскоп: Што ве очекува до 1-ви август?

Дознајте што ви подготвиле ѕвездите за последната недела од овој месец. Дали сега е време да започнете нешто ново, да трошите или да штедите…

Овен

Ова е добра недела за купување нова облека, за да се „подновите“. Исто така оваа недела би било добро да ги завршувате нештата што сте ги започнале. Посветете се на средувањето на документите. Важна е организацијата на работата. Грижете се повеќе за вашето време, но најдете време и за забава. Посветете му се и на вашето хоби, тоа ќе ве опушти.

Бик

Задоволни сте од напредокот на работата. Потрудете се да бидете одговорни, не трошете премногу пари за работи што не ви требаат. Бидете внимателни каде оставате документи оваа недела. Прилично добро се чувствувате и одлично сте расположени. Позитивни сте. Односите со членовите на семејството се подобруваат. Конечно, на крајот на оваа недела ќе престанат несогласувањата со партнерот и со соработниците.

Близнаци

Одлично сте расположени. Не се оптоварувајте со премногу работа. Планирајте патување, ако сте во можност. Помалку зборувајте за  вашите планови содругите. Бидете практични.  Неделава средете го домот, фрлете ги нештата што не ви требаат.

Рак

Оваа недела сте желни за нови победи. Сакате да започнете некои работи поврзани со бизнисот и сега е вистинското време за тоа. Една жена може да биде од помош. Ќе бидете попрактични  и порационални од вообичаеното, па затоа потрудете се да не трошите енергија на негативни луѓе. Не позајмувајте пари на другите. Не треба да се правдате пред другите. Страствени сте.

Лав

Супер се чувствувате. Посветете се на себе си. Сега е време за работа, усовршување, започнување курс. Прочитајте ги книгите што планирате да ги прочитате долго време. Завршувајте го започнатото. Важно е да не дојдете во конфликт со надредените, туку да знаете која е вашата улога. Конечно, на крајот на оваа недела ќе има страст и во вашиот живот и може да влезат некои интересни луѓе. Важно е да не се враќате на старото.

Девица

Позборлести сте од вообичаеното. Добро се чувствате. Само бидете сигурни дека нема премногу да ги критикувате другите луѓе. Гледајте ја вашата работа, кој има потреба од совет ќе побара. Можни се проблеми во сообраќајот, па дури и некои казни. Возете полека. Ќе имате повеќе енергија оваа недела. Некои обврски на работа, што не сте ги завршиле на време и сега повторно може да ви бидат проблем. Би било добро да расчистите што е она што го сакате од односот со партнерот, ништо да не премолчувате ако сте во врска. Слободно, нема потреба за промена на статусот, не се идеални аспектите за нешто ново.

За другите знаци повеќе на следната страница…