Неделен хороскоп: Што ве очекува од 30-ти мај до 5-ти јуни?

Вага

Би било добро да се договорите со партнерот околу плановите за следната недела. Уживајте во тоа заедно. Слободните претставници и натаму може да бидат вицкасти и шермантни и може да бираат со кого сакаат да бидат. Немојте да се силите да бидете во некој однос, ако сега тоа не ви е примарно. Би било подобро за викендот да одите на некој пократок пат. Ова е одлична недела за усовршување, учење, запишување на некој курс.

Скорпија

Занимавајте се со спорт. Имате премногу енергија оваа недела. Прилично сте страствени. Оваа недела не е добро тоа што ќе имате голем прилив, но и одлив на пари. Бидете рационални. Можни се проблеми со здравјето. Под стрес сте затоа што се нервирате што во сите области во животот не е така како што сте замислиле. Некогаш и другите луѓе може да бидат во право, послушајте ги добрите совети.

Стрелец

Насочете се на другите луѓе. Оваа недела одлично ќе ви одат договорите од секој вид. Потрудете се да бидете склони кон компромис, немојте да бидете тврдоглави. Некоја личност од минатото може да се врати во вашиот живот, на емотивен план. Постраствени сте од вообичаено. Ако сте зафатени, бидете поотворени кон партнерот. Поразговарајте за проблемите што ги имате, лесно ќе ги решите.

Јарец

Имате доста работа. Потрудете се да не се оптоварувате со туѓите проблеми, туку гледајте да ги сработите вашите обврски. Можно е некое ново познанство преку работата. Пораки, повици, сето тоа носи нови настани. Немојте да сфаќате ништо здраво за готово, сега се важни делата, а не зборовите…

Водолија

Ако сте зафатени, неделава може да имате романтични мигови со партнерот. Се ви оди прекрасно, добра е комуникацијата и уживајте во љубовта. Ако сте слободни, можете да се потрудите да стапите во контакт со некоја интересна, комуникативна личност, а тоа може да има потенцијал за нешто повеќе. Сакате да бидете во центарот на вниманието, но ако не сте, не се чувствувате сосема добро. Се занимавате со некој спорт или со некое хоби. Воведете промени во секојдневниот живот, исфрлете ги лошите навики.

Риби

Оваа недела ќе добиете некои информации што ви се важни за работата преку некоја помлада машка личност. Парите што можда ги очекувате поодамна да ви бидат исплатени ќе стигнат оваа недела. Ќе ви се исплати целиот труд. Потрудете се да се насочите на работата, немојте да доцните со обврските. Семејството секако ќе ви биде примарно оваа недела, но и средувањето на домот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.