понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

Неделен хороскоп: Што ве очекува оваа недела?

Прочитајте што ве очекува во текот на следната седмица на работното место, во љубовта, дали ќе се сложувате со домашните и како ќе ве злужи здравјето и дали сега е вистинското време да инвестирате...

Десет работи кои ги нервираат хороскопските знаци

Поврзани вести

Прочитајте што ве очекува во текот на следната седмица на работното место, во љубовта, дали ќе се сложувате со домашните и како ќе ве злужи здравјето и дали сега е вистинското време да инвестирате…

Овен

Работа – Ќе добиете примамлива понуда на работа што кај вас ќе ја разбуди желбата за сериозни промени. Сеуште сте во фаза на двоумење и преговори. Другите ги забележуваат вашите квалитети и тоа ве поттикнува со повеќе ентузијазам да ги извршувате секојдневните задачи. Сакате заедно со соработниците да остварите колку е можно подобри резултати. Бидете поумерени во однос на финансиските инвестиции.

Љубов – Во овој период најдобро ќе се сложувате со партнерите во знак на риба. Тоа за вас е идеална комбинација. Ќе уживате во заедницата и во романтичните мигови.

Здравје – Проблемите со варењето најверојатно се предизвикани од вашите лоши навики.

Бик

Работа – Со преминувањето на Венера во знакот Риби влеговте во поповолен период, така што ќе ви се укаже шанса да ја зголемите заработката. Со поддршката од страна и со малку труд ќе направите чудо. Можен е разговор за работа со личности на власт или со оние што ви ветиле некој вид помош. Ако сте сигурни во вашите способности, тогаш не се двоумете. Ќе добиете прилика максимално да се истакнете на работа и да го подобрите статусот.

Љубов – На повидок е нова врска. Станува збор за личност што е како создадена за вас. Доколку имате постојан партнер, ве очекуваат незаборавни мигови.

Здравје – Се чувствувате исцрпено, затоа што се исфорсиравте. Повеќе треба да се одмарате.

Близнаци

Работа – Внимателно преиспитајте ги сите добри и лоши страни на новите понуди на работа што би можеле од корен да ви го  променат животот. Не брзајте со донесување конечна одлука. Неповолното влијание на Меркур навестува дека сеуште немата јасна слика за настаните. Стравот од промени е присутен, но јасно ви е дека секој одлука носи ризик. Сте решиле на неволјите да им го свртите грбот. Под услов да не ја пропуштите поволната шанса, можете да очекувате успех.

Љубов – Некоја личност во знакот скорпија целосно ве маѓепса. Лесно преминувате преку сите нејзини маани, посебно преку љубомората. Ако сте сами, тогаш размислете колку за тоа придонеле вашите превисоки критериуми.

Здравје – Можни се проблеми со нозете.

Рак (Повеќе на следната страница…)

Најчитани вести