Неделен хороскоп: Што ве очекува оваа недела?

Рак

Работа – Исполнувањето на Месечината ви носи нови шанси за промени и „бум“ во најава на работното место. Потрудете се со соработниците да изградите добри односи за подоцна да можете да се потпрете на нив во критичните ситуации. Бидете поотворени, нема причина за претерана внимателност. Премногу сте скептични иако и самите знаете дека таквото однесување никаде не води. Бидете поштедливи.

Љубов – Љубоморните сцени претставуваат составен дел на љубовната игра. Ако ви се допаѓа некоја девица или некој јарец, направете го првиот чекор. Доколку сте ви врска што е подолга од три години, нема причина за грижа.

Здравје – Засилете го имунитетот, мислете позитивно.

Лав

Работа – Искористете го овој период за обновување на старите работни врски што би можеле да се развијат во добар правец. Од понеделник до среда ќе имате прилика да донесете важна одлука на работното место. Ќе се обидете да направите рамнотежа помеѓу приватниот живот и работата. Тоа ќе биде комплицирано, затоа што обврските ве демнат од сите страни. Целата седмица ќе биде во знакот на работата и желбата за докажување.

Љубов – Партнерот очекува поддршка и почит. Ако сте сами ќе бидете на мета на обожавателите. Време е да се одлучите каде ќе се свртите. Уживајте во играта.

Здравје – Пречувствителноста и нервозата се последица на преголем замор и претрпениот стрес.

Девица

Работа – Избегнувајте ризични инвестиции и свртeте се на побезбедните инвестиции. Бидете внимателни во односот со колегите и соработниците, бидејќи три планети во седмата куќа укажуваат дека сте под некој вид на проверка. Не е добро време да носите важни одлуки, како и за радикални промени. Бидете трпеливи.

Љубов – Можете да очекувате незаборавни моменти со лице во знакот на Стрелец. Воздржете се од еуфорија. Ако партнерот е роден во земјен знак, тогаш долго време не ви успева да воспоставите добра комуникација. Полека го губите трпението.

Здравје – Ако деновиве чувствувате бодежи околу срцето или болки во желудникот, направете дополнителни тестирања.

Вага

Работа –Под услов да дејствувате брзо, ќе успеете да го искористите влезот на Венера во Риби за некој вид на промена. Шансата ќе помине толку брзо што ќе треба да ја фатите во лет. Ако ви се допаѓа идејата за некој нова работа, особено со Лав, Јарец и Шкорпија, направете го првиот чекор и понудете им соработка. Среќните околности не ви одговараат.

Љубов – Изградивте цврста и стабилна врска и сега е време да уживате во заедницата. Никој не може да ве раздели. Ако сте сами, можно е нова врска со Овен. Прифатете го предизвикот..

Здравје – Реагирате на временските промени, можна е главоболка.

Скорпија (повеќе на следната страница…)