Неделен хороскоп: Што ве очекува оваа недела?

Скорпија

Работа – Не сте расположени за работа. Долго време сте во фаза на стагнација, која почна да ве загрижува. Време е да се разбудите, да ги засукате ракавите и да тргнете со полна пареа во нови работни победи. Ако тоа неви одговара, ќе биде најдобро сега да го искористите одморот. Тековните промени во деловното опкружување се само нормален след на околностите. Можеби тие промени се нагли, но така е како што е. Морате да се помирите со тоа.

Љубов – Немојте да си играте со трпението на партнерот – тој не од камен. Ако сте сами, ќе уживате во друштвото на старите пријатели. Можна е романса со странец.

Здравје – Избегнувајте алкохол. Можни проблеми со бубрезите и уринарниот тракт.

Стрелец

Работа – Добар период за склучување договори и започнување на нови бизниси. Ако се занимавате со трговија, заработката ќе биде голема. Имате поддршка од соработниците. Искористете го овој период за решавање на проблемите што претходно сте ги одложувале и за донесување важни одлуки. Се одлучувате за нов пат што ја одредува иднината. Сакате да успеете и не ги бирате средствата. Бидете внимателни во врска со она што го зборувате, да не ви се случи да бидете фатени во лага.

Љубов – Уживате во флертот и размената на мислења со припадниците на спротивниот пол. Ви одговара друштвото на Бик и Близнаци. Дали ќе им одолеете?

Здравје – Здравствените проблеми се зад вас. Сега се опоравувате и правите се за да ги ублажите последиците.

Јарец

Работа – Со сопствени напори ќе постигнете неверојатен успех. Ви се нуди унапредување во сите општествени активности, политиката и науката. Парична добивка. Следната недела е во знакот на амбициите, упорност, но, исто така, меланхолија. Ќе има по малку од сè, а здодевност најмалку. Можна е нова работа во поголема институција, со можност за брз напредок.

Љубов – Не знаете кого да го изберете: Огнениот Лав или нежниот Рак. Слушајте го срцето и ќе добиете одговор. Ако сте сингл, можна врска со лекар, уметник или спортист.

Здравје – Движете се повеќе. Физичката активност е најдобар лек.

Водолија

Работа – Инертни сте, склони сте повеќе да говорите отколку што работите. Не сте задоволни од работата што ја работите во моментот. Потрудете се да го најдете она што ви одговара. Потпрете се на себе си, не очекувајте другите да ви помогнат во остварувањето на невозможните желби. Ако тоа не ви успее, спуштете се на земјата и прифатете ја реалноста. Ексцентричното однесување не води никаде.

Љубов – Обидете се да го поправите односот со саканата личност. Дали сте забележале дека во последно време сте се оддалечиле? Ако продолжите со ова темпо, ќе има проблеми..

Здравје – Стравовите ги прикривате со насмевка, создавајќи илузија дека сте семоќни. Кого лажете, можеби само себе си?

Риби

Работа – Ве нервира невниманието и негрижата со соработниците. Сè ви пречи во последните денови. Најдобро ќе биде да најдете работа што ќе ја работите во изолација, бидејќи тоа е единствениот начин да најдете мир. Со оглед на тоа дека сте свесни дека окружувањето е далеку од идеално, дистанцирајте се. Ако поради некоја причина тоа не е можно, ограничете ја комуникацијата на минимум.

Љубов – На нов начин и пристапувате на љубовта. Важно ви е да воспоставите хармонични односи со блиските. Околностите ви се наклонети, затоа искористете ги.

Здравје – Проверете ги хормоните на тироидната жлезда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.