сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 43

Неделен хороскоп за: 04.04.2016 – 10.04.2016

0644688001441176868_510713_600x458_actualno

Последни вести

Овен 21.3. – 20.4.

Делувате активно на различни страни и имате доволно самоувереност, што претставува добар предуслов за понатамошен професионалне напредок. Умеете вешто да искомбинирате практични решенија со расположението на своите соработници и да ги остварите заедничките интереси. Бидете умерени при финансиските инвестиции. Вашиот работен успех се заснова на добрата проценка и на деталното планирање. Непрекинато го анализирате својот однос со саканиот(ата) во намерате да разрешете различни дилеми. Не дозволувајте некој друг да ги толкува вашите чувства или да ги објаснува вашите намери. Бидете искрени и отворени на средбата со саканиот(ата). Храброст е ако умеете на вистински начин да ги изразите своите емотивни доблести или слабости.

Бик 21.4. – 20.5.

Го барате најдобриот начин да одговорите на нечиј барања и да ги сочувате своите работни интереси, така што чувствувате дополнителен притисок. Непотребно се оптеретувате со некои службени-финансиски договори кои немаат пресудно значење на вашиот статус или понатамошниот тек на случувањата. Не дозволувајте малата загуба во материјална смисла да ве обесхрабри. Мудро почекајте на подобри услови. Делувате напнато во љубовниот однос, не го добивата вниманието кое го очекувате. Некој не посветува внимание на вашите желби или пораки. Партнерот најчесто ја спроведува својата волја и ви се чини дека полека се одалечува од заедничките планови. Проверете ги своите емотивни сомнежи на време и преземете иницијатива.

Близнаци 21.5. – 21.6.

Упорно ги браните своите работни или стратешки интереси, така што ве очекуваат бројни пофалби и признанија на различни страни. Нема причина да правите работни компромиси, доколку тие не се во согласност со вашите морални начела и професионални манири. Ако некој се обидува да ве доведе пред свршен чин, одговорете на начин кој подразбира почитување на работните правила. Поради бројните обврски свесно пропуштате различни случувања во приватниот или љубовниот живот, партнерот ве опоменува на „грешките“ кои ги правите. Приметувате чести промени во расположението или необичното однесување кај саканиот(ата), но не увидувате вистинскии повод. Потребно е подобро взаемно разбирање  и ново емотивно зближување.

Рак 22.6. – 22.7.

Делувате задоволно и го давате својот максимум, но понекогаш работните случувања неочекувано излегуваат од контрола. Се обидувате да го усогласите различните итнересирања и да оставите добар впечаток на својата околина. Ве очекува успех во работите кои добро се вреднуваат и котираат меѓу соработниците. Поради тоа, здружете ги своите интереси со личност за која ве врзуваат слични идеи и позитивно искуство. Чувствувате голем занес и потреба да ја проверите својата љубовна среќа или нечија емотивна наклонетост. Во налетот на емотивна инспирација тешко поставувате граница помеѓу своите слободни фантазии и рамките на реалноста. Важно е дека чувствувате позитивен импулс. На повидок е и ново партнерство кое ќе ве заинтригира.

Лав 23.7. – 22.8.

Добро сте информирани за новите можности на работната сцена и важно ви е да остварите низа на значајни цели. Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и со голем оптимизам го проценувате исходот во службените-финансиски преговори. Потребно е да придобиете нечија доверба, ве очекуваат и бројни повластици во односот со соработниците. Смислено го одложувате соочувањето со одредени дилеми во љубовниот живот, но некој ве опоменува на дадените ветувања. Нови изговори не можат да ве оправдаат пред блиската личност. Важно е да ги усогласите разумот и чувствата. Доколку сте слободни, ви престои ново познанство или неочекувана љубовна романса.

Девица 23.8. – 23.9.

Посветете внимание на новите професионални можности, како би ги прошириле своето сознание и искуство од различни области. Нема причина да се залажувате дека моменталните резултати се вашиот работен максимум. Ако премногу се опуштите и препуштите работите да одат сами по својот тек, некој друг може да ве потисне  од „првите работни редови“. Секој вид на лично усовршување претставува важен напредок. Светот колу себе го посматрате со поинакви очи и во ведри тонови, се чувствувате задоволно, спокојно или среќно во близина на саканиот(ата). Со својата појава или стил на изразување, привлекувате големо внимание и делувате сомнително на друштвото колу себе. Постои личност која ги поттикнува вашите емоции и фантазија.

Вага 24.9. – 23.10.

Се имате подготвено за серија на нови случувања на работната сцена и сакате да се соочите со соработниците кои ја имаат изневерено вашата доверба. Се наоѓате во креативна фаза и имате големи работни амбиции. Во финансиска смисла добивате нечија поддршка. Проширете ги своите контакти во различни правци и преземете дополнителна иницијатива во согласност со актуелните случувања. Саканиот(ата) се однесува нестрпливо во исчкеување да ги исполните своите ветувања, но вие имате доба љубовна стратегија и ништо не препуштате на случајот. Радо се одзивате на различни повици и сјајно го користите својот шарм во новите контакти или љубовно освојување. Умеете да блеснете во полн сјај во вистински момент. Ќе ве израдува едно необично познанство.

Скорпија 24.10. – 21.11.

Се наоѓате во креативна фаза на творечките можности, ви се нуди нова шанса да остварите професионален-финансиски успех или да напредувате на професионалната летвица. Интересни идеи и работни понуди навестуваат долгорочен успех. Потрудете се некој сериозно да ги сфати вашите намери и правилно да ги награди вашите професионални способности или заслуги. Важно е да имате добро претчувство, како основна водилка во љубовниот живот. Расположени сте за нова љубовна романса или за возбудливи случувања, кои треба да го разубават вашиот однос со саканиот(ата). Не ги кријте своите емотивни очекувања или намери, сакате да ги остварите своите „тајни соништа“. За среќа, партнерот е во потполност на вашата страна.

Стрелец 23.11. – 21.12.

Нови случувања на работната сцена или нечие однесување може да ве успорат во спроведувањето на важни планови. Но, со дополнителна упорност ве очекува добар епилог во секој поглед. Успехот има релативно значење и толкување, поради тоа своите идеи треба да ги пласирате на вистинско место или пред личноста која има доволно слух за слични работни интереси. Делувате загриежно, но некој од страна не може го искомплицира вашиот љубовен живот или плановите кои ги имате со саканиот(ата). За среќа вие сте доволни искрени и одлучни во своите намери, нема да дозволите за вас да се шират „лоши гласови“. Умеете да ја засените околината и да го задоволите својот партнер.

Јарец 22.12. – 20.1.

Имате направено погрешна службена-финансиска проценка така што ве очекуваат дополнителни комликации, но се може да се надмине на добар начин во договор со соработниците. Добро размислете на кој начин треба да ги сочувате своите професионални интереси. Важно е да се вратите на претходната позиција, бидете промислени, нема причина гласно да зборувате за своите работни намери. Различните забелешки кои ги упатувате на саканиот(ата) во неочекуван налет на емоции или страсти, воглавно остануваат без саканиот одзив. Партнерот останува во уверувањето дека се разбира повеќе од вас во низа на различни теми или области од заедничкиот живот, што дополнително ве иритира. Поради нови несогласувања и „емотивни замки“, се однесувате напнато или вознемирено.

Водолија 21.1. – 19.2.

Се наоѓате во сјајна ситуација да влијаете на одредени услови или на новиот тек на случувањата на работната сцена. Важно е да го сочувате добриот работен рејтинг и да оправдате нечија доверба. Размислете за промена на досегашните критериуми, не дозовлувајте некој да ви диктира одредени услови, приоритети или правила во службената соработка. Постои личност која непотребно ја отежнува вашата работна или статусна позиција. Во својот емотивен занес имате големи очекувања и потреби, но партнерот не е во состојба да ги исполни вашите желби и барања. Љубовниот компромис претставува добро решение, под услов да добиете максимум од вниманието на партнерот во однос на реалните можности. Но, вие често делувате смнително или нескромно во своите желби.

Риби 22.2. – 20.3.

Делувате многу амбициозно и непрекинато ги проширувате своите професионални интересирања, додека соработниците очекуваат конкретно да се изјасните за заедничките интереси. Бидете внимателно во комуникацијата со службените партнери, бидејќи погрешно протолкуваните информации и неразбирање на правилата во заедничкото работење донесува нови компликации. Некој може да ги реши вашите финансиски дилеми. Нема причина лесно да ја подарувате својата емотивна доверба, добро размислете за се што се случува помеѓу вас и личноста која неодамна ја имате запознато. Имате впечаток дека партнерот вешто ги сокрива своите намери, што дополнително влијае на вашата емотивна несигурност или нервоза. Упорно трагате за нови одговори и вистината.

Најчитани вести