Неделен љубовен хороскоп: Што ве очекува на љубовен план оваа недела?

Овен

Слободните Овнови имаат субјективно чувство дека вистинската љубов им бега секогаш кога ќе и се приближат. Не е проблемот до вас туку до луѓето со кои што се дружите и што ги запознавате. Очигледно е дека ги барате на погрешно место. Често очекувате премногу од партнерот и набрзо покажувате колку сте незадоволни. Тоа автоматски ви ја прекинува врската и тогаш се прашувате што сте згрешиле. Дајте му на партнерот  малку време да ве запознае и да види каква личност сте. Неможе во партнерксите односи едната личност да бара, а другата само да исполнува желби. Сфатете дека ќе наидувате на проблеми што би требало со заеднички сили да ги надминете. Овновите што се во брак оваа недела ќе имаат мали потешкотии, несогласувања и на момент ќе се раздвојуваат, а се поради тоа што се повлекуваат и не ги решаваат несогласувањата на време. Ќе се сомневате во љубовта на партнерот, но за тоа немате основа.

Бик

На љубовното поле, Биковите ќе имаат доста проблеми што ќе им ја реметата врската, бракот, но она што е важно е дека нема да има некои поголеми последици. И двајцата сте научиле со текот на времето набрзина да најдете компромис и брзо да ги решавате меѓусебните проблеми. Вие сте помалку тврдоглави и кај вас е поголем проблемот, па со тоа во врската ви е многу потешко да се воздржите за некои прашања. Воглавно за сите ситуации вие сте главниот виновник, па кога ќе го увидите тоа, топката ја префрлате на партнерот и го обвинувате. Доколку не ја надминете оваа ваша особина, постои можност за прекинување на врската, односно бракот. Размислете, имате време малку да се повлечете од ваквите ситуации и малку повеќе да се посветите на партнерот и на неговите желби. Слободните Бикови ќе наидат на една посебна личност што ќе ги освои на прв поглед. Тоа ќе биде страсна врска што набрзо би можела да се заврши со брак. На добар пат сте конечно да се скрасите и да впловите во мирно море. Беше  крајно време, ви здодеа да талкате и да трагате по вистинската личност.

Близнаци

Нема се да биде совршено во вашиот брачен однос, но доволно сте свесни дека меѓу вас постои љубов со помош на која би можеле да ги решите сите несогласувања во овој период. Малку ви е потребно да ги протуркате тешкотиите што повремено се јавуваат. Близнаците во овој период се исклучително тврдоглави и кога само малку би се  воздржале, многу полесно б и ги поминале конфликтните ситуации. Она што треба да го знаете е дека  вие сте виновни и дека секогаш го обвинувате партнерот. Близнаците што се сами нема да попуштат со тврдоглавоста така што тоа е најголемата кочница зошто неможат да ја оддржат секоја врска што ја започнуваат. Кон крајот на неделата ќе го сфатите она што в и се говори и ќе почнете да се менувате на подобро и да бидете многу потолерантни, да попуштате во тврдоглавоста и ќе видете дека се убаво и глатко ќе ви тече во љубовниот однос со партнерот. Само малку е потребно да се подобрите и  ете среќата ќе ви тропне на врата.

Рак

Што се однесува до брачните односи, овде нема да има подобрувања. За да сфатите во што е проблемот би требало да го сфатите следното. Вие имате некои свои приоритети, а партнерот свои и никако неможете да се усогласите во однос на  заеднишнтвото и заедничките желби. Овде се работи за животните семејни прашања. Меѓу вас постои и брачна неверност. Таа ситуација дополнително го комплицира вашиот однос, што нема да се поправи во брзо време. Она што би можело да ви помогне е  некое заедничко патување, летување или ако заминете некаде каде ќе бидете сами и искрено ќе разговарате, да  го спасите она што може да се спаси, секако ако и двајцата  го сакате тоа. Многу ќе ви треба трпение доколку сакате да опста нете во брачната заедница. Слободните Ракови ќе се вљубат по којзнае кој пат, а се затоа што често влегуваат во фатални, страсни врски. Некогаш е подобро да бидете сам отколку во неквалитет на врска и вие тоа го знаете, но и натаму давате шанси на разни луѓе што не го заслужуваат тоа. Немојте да трошите енергија на нив.

Лав

Крајно време е брачните партнери искрено да признаат дека постојат лоши семејни односи. Порано или подоцна треба да се решат овие конфликти, а не да се занемаруваат мислејќи дека нема ништо загрижувачко. Кај еден од партнерите постои сомнеж дека накоро ќе се прекине брачната  врска. Н ајдобро е да седнете и да поразговарате и да видите што треба да направите за да  го спасите она што може да се спаси. Ако не го направите тоа, тие проблеми ќе ве разделат засекогаш. Доколку сте слободен лав, треба да сфаите дека со било која личност што ќе стапите во контакт таа брзо забележува дека не е задоволна од вас. Хронично покажувате љубомора кон партнерите поради тоа што често ви се случува да раскинете. Уште една работа што пречи е вашето занимавање со Фејсбук преку секоја мерка. Партнерот не сака да се запознавате со други личности затоа што тоа се потенцијални контакти што вашата врска секогаш ја доведуваат пред свршен чин. Обидете се да се решите од таа лоша навика. Социјалните мрежи во денешно време се главни виновници за прекинување на врските.

Девица

Брачните партнери оваа недела ќе имаат проблеми во комуникацијата. Ова ќе доведе до тоа еден од вас да направ и излет од бракот. Сето тоа може да се искомплицира и да дојдете во лоша позиција. Постои можност да се открие измамата, така што тензијата во односите со партнерот ќе се засили. Бидете искрени еден кон друг и можете да се вратите на стариот колосек. Работете на довербата што во моментов е разнишана. И слободните Девици ќе тежнеат кон страсни и фатални односи. Ова нема да  биде со долг век на траење, се ќе се  завши и тогаш ќе можете конечно да сфатите дека тоа не води никаде. Една личност чека да се смирите, да видите дека постојат и поинакви односи што таа личност ви ги нуди. Ќе ви биде жал што порано не сте се отрезниле и не сте виделе дека губите скапоцено време на личностите што не се за вас, а дека веќе некое подолго време ве чека некој со кого имате шанси да изградите поубава љубов.

За другите знаци повеќе на следната страница…