среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 54

Неделен љубовен хороскоп

horoskop

Поврзани вести

Дознајте што ве очекува на љубовен план оваа недела.

Овен

За вас љубовта е најважаната духовна храна и во недостаток на љубов мошне лошо се чусвтвувате. Доколку сте во брак или во стабилна врска нема да ви недостига љубов само ќе се зголемува со времето што ќе го поминувате со партнерот. Наскоро би требало да донесете важни одлуки што се однесува до вашиот љубовен живот, но немојте тоа да го правите оваа недела. Оваа седмица е само за опуштање и уживање, а некои сериозни ситуации треба да ги оставите за идниот период. Слободните припадници на знакот конечно ќе запознаат некоја личност покрај која што ќе се чувствуваат како во рај.

Бик

Во центарот на случувањата на љубовен план ќе биде партнерот и семејството. Потрудете се оваа недела да направите селекција на пријателите затоа што некои луѓе сакаат да ве дистанцираат од партнерот, а вие тоа не го сакате. Ако ги исфрлите непотребните личности ве очекува убава недела. Ако сте сами оваа недела ви носи многу повеќе контакти со личности од спротивниот пол отколку досега. Препуштете се на оваа идилична недела затоа што ќе ја најдете сродната душа со која ќе имате среќа во животот.

Близнаци

Оваа недела ви носи максимална складност во партнерските односи. Конечно сфативте дека тоа е најважниот сегмент на животот, односно дека е најважно взаемното развбирање и поддршката. Тоа ќе биде основа за решавањље на ситре ситуации што се пред вас. Ако сте сами свесни сте дека сте неодлучни кога станува збор за изборот на партнерот. Време е вашето срце да го посветите на една личност. Ослободете се, препуштете се на мигот и оставете нештата да течат сами по себе.

Рак

Слободните ракови имаат можност да ги забележат предзнаците во односот со лицата од спротивниот пол. Се ќе биде во ред, ако во овој период обрнете внимание на вашиот емотивен живот. Љубовта ќе се искристализира во текот на овој период и ќе бидете затекнати од случувањата. Обрнете внимание со кого се дружите и со кого стапувате во контакт и немојте многу да размислувате туку препуштете се на љубовниот занос.  Што се однесува до  раковите што се во врска или во брак ве очекуваат убави случувања што на некој начин ќе бидат интересни.

Лав

Слободните лавови ќе ја почувствуваат вистинската љубов на која несебечно ќе и се препуштат. Лав овите во брак пак ќе ги следат топли и хармионични односи во текот на оваа недела, така што добро е да го искористите овој период за малку да се опуштите и да уживате покрај саканата личност. Се што е важно треба да одложите, затоа што ништо не е итно, а подоцна ќе се сконцентрирате на договорите за проширување на семејството.

Девица

Девиците што се во брак оваа недела ги очекуваат негативни осцилации во односот со партнерот. Сте заборавиле да се договарате и заедно да носите одлуки и тоа ќе ги наруши вашите досегашни односи. Без оглед на сите дилеми, сепак ќе успеете да најдете излез и на крај пак да бидете среќни и задоволни. Слободните девици влегуваат во период кога еден настан ќе им го промени животот на подобро. Односно ќе имате низа интересни сред би од кои ќе се изроди една љубовна врска што до крајот на годината би можела  да биде крунисана со брак.

За другите знаци повеќе на следната страница…

Најчитани вести