Неделен љубовен хороскоп

Вага

Вагите оваа недела би требало дља ги следат своите чувства кон една личност. Тоа може да биде партнерот, сопругот, пријател, пријателка… Обрнете внимание на комуникацијата и на контактите. Немојте да се ограничување во искажувањето наклонетост. Слободните Ваги набрзина ќе одлучат да влезат во брачните води, а можно е и непредвидена бременост да ги забврза нештата. Сепак на крај ќе бидете пресреќни што сето тоа се случило и сето ова ќе ве научи да верувате во судбина.

Скорпија

Можни се потешкотии оваа недела на љубовен план. Овие случувања ќе доведат до тоа со партнерот да испитувате, да ја согледувате ситуацијата и да видите што довело до неразбирање.  Слободните Скорпии ќе уживаат во друштво на семејството и пријателите и во тоа дружење нема  ниту да забележат дека во нивна близина е една интересна личност што ќе им се наметне со својата харизма. Само несмеете да бидете скептични и дозволете си себе си да да уживате!

Стрелец

Низ оваа недела ќе ве водат емоциите за саканата личност. Ќе бидете горди на себе си и на партнерот, затоа што чувствувате дека љубовта е безгранична и дека може да се сака на поубав начин, повеќе и помагично. Слободните стрелци покрај синмпатијата ќе почувствуваат и љубовен занос и чудесна љубовна енергија, што набрзо ќе ги доведе до сериозна љубовна врска.

Јарец

Слободните Јарци би требало да се одлучат дали сакаат да и се вратат на поранешната љубов или сакаат нешто ново. Ова е клучен момент за тоа, затоа што веќе нема да добијат прилика за тоа. Се што чувствувате кон партнерот е евидентно и сеуште не сте ги потиснале чувствата. Оние што се во бврак ќе го чуваат стабилниот однос со партнерот.

Водолија

Неделава очекувајте потешкотии во комуникацијата со партнерот, без разлика дали сте во врска или во брак. Оваа недела е мошне променлива во однос на ситуацијата на љубовен план, па затоа водете сметка што правите. Бидете внимателни некоја целосно непотребна работа да не ја уништи вашата љубов.

Риби

Оваа недела за Рибите пружа мошне добра емотивна ситуација со партнерот. Доколку и двајцата сте сигурни во обостраната љубов, потребно е да направите некои промени во врската или бракот доколку сакате да го зацврстите односот. Една личност одамна чека да се ослободите од оние личности што ви го крадат времето и го чека својот момент да застане пред вас и да почнете заедничка приказна. Ќе здивнете кога ќе се посветите на вашата заедничка иднина и ќе бидете многу посреќни и позадоволни.