Неделковски: Безбедноста на полицијата е и наша безбедност

Полицијата е наша, народна полиција, тоа се наши браќа, сестри, некому родители, некому деца, така да нивната безбедност е и наша безбедност, нашата безбедност е и нивна. Од таа причина сметам дека треба да им се даде поддршка, вели во изјава за порталот „Курир“ Миленко Неделковски.

Неделковски денеска мирно заедно со илјадници други граѓани пред полициската станица во Кисела Вода, ја даде својата поддршка и почит за македонската полиција.

– Масовноста овде покажува дека и после толку години народот се уште има доверба во премиерот Никола Груевски, во неговите политики, во начинот како ја води државата, како и последната акција во Куманово и тоа е уште еден доказ, рече Неделковски.