Неделковски до Фрчковски: Дали поседувањето на прислушувани разговори е легално?

По објавувањето на информацијата дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев е еден од осомничените во полициската акција „Пуч“ на социјалните мрежи се огласи и новинарот Миленко Неделковски.

Тој јавно постави две прашања до универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски кој воедно важи и за главен идеолог на политиката на опозициската СДСМ.

milenko_komentar

Тој го прашува Фрчковски дали поседувањето на прислушувани разговори е легално и дали соработката со странски структури за рушење на влада и уставен поредок е легално.

„Фрчко уште живее во времето кога избега од одговорност за атентатот над Киро. Уште живее во времето на реј бан цвикери и липицанери. Во времето на анфорите. Во времето на „куферчето“ понудено на Киро за промена на името“, пишува Неделковски.

фото: tomato.com.mk