Неделковски: Од замката на Заев ќе излеземе само со судска разврска

Јас сум лут на себе и на македонскиот народ што дозволивме да станеме заложници на еден манипулант, лажго и криминалец. Човекот кој функционирал во една мала средина со оговарање, местенки, па тоа му прошло до одредено ниво, практично стана нешто со кое сите се преокупиравме, истакна новинарот Миленко Неделковски во гостувањето на Сител3.

-Наместо да сме преокупирани со работи битни за нас, за секој граѓанин, дали е тоа автопат, вработување, луна-парк, да се преокупираме со археолошко истражување, со успеси на спортисти и музичари, да аплаудираме на ансамблот на МНТ…ние станавме заложници на еден примитивец, лажго и криминалец со богато досие. Мислам дека вината не е кај него, туку кај нас што се доведовме во ситуација да го третираме што кажал. Во основа се што кажува е лага и манипулација. Ниту една теза не му држи повеќе од 13 минути. Станавме заложници на човек кој не може да пројде никаде, но ете така претпоставувам, дали тој има талент, дали СОРОС-овата пропагандна машинерија има таква моќ, да ни го наметне тоа, тој провинцијализам, таа примитивност кај него , да ни наметне нешто за што ние треба да разговараме, вели Неделковски.

Новинарот смета дека народот е влезен во замката на Заев и во стапицата која тој ја има поставено. Тој вели дека за да се излезе од таа стапица, мора да има финална судска разврска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.