Неделковски: Оние кои го смислиле сценариото со прислушкувањето го пуштаат Заев низ вода

Оние кои го смислувале целото сценарио со преслушкувањето и што успеале да го издресираат Зоран Заев имале план Б, а тоа е дека секој момент можат да го пуштат низ вода и сега токму тоа и го прават, смета новинарот Миленко Неделковски.

-Тие што го смислувале сето ова и го издресирале Заев, го гледате каков е на прес-конференциите се смешка трепка со очи како невино детенце, а е криминалец со 8 милиони евра од Глобал, тие имале план Б дека во секој ммет може да го пуштат низ вода и сега тоа и го прават. Судскиот процес кој терба да започне сметам дека брзо ќе заврши, иамме некој кој веќе ја призна вината и апсолутно се ќе излезе на виделина, рече Неделковски во емисијата „Јади бурек“.

Тој доаде дека се согласува со ставот на Латас дека преносите од  судењето треба да бидат јавни за да можат да слушнат граѓаните кој што направил.

-Законски обвинителството може да побара од судот судењето да биде јавно, а судот тоа да им го понуди на оштетените и ако тие прифатат судењето  може да биде јавно, посочи Неделковски.

Според него, важно е и отвореното прашање што ќе бдие со сооучесниците на Зоран заев.

-Зоран Заев во објавувањето на незаконски снимените материјали има сооучесници, Тито Петковски тврди дека има уште многу разговори што тој ги чул, значи тој е сооучесник и се надевам дека Обвинителството ќе ги процесуира и сите сооучесници. Јас милам дека ќе заминеме на одмор со кажана пресуда за Заев, рече Неделковски.

Во оваа држава, рече тој, сите граѓани се еднакви и за сите треба да важат законите, дека треба да важи законот за почитување на Уставот и на вољата на народот.

-Тоа значи дека ако Зоран Заев ја прекршува одредбата за бранење од слобода, тој треба веднаш да оди во притвор. За да се браниш од слобода има три услови, да не бегаш односно опасност од бегство, неможе да бега бидејќи му е земен пасошот,повторување на делото и влијаење врз сведоци, а тој го прави тоа секој ден, истакна новинарот Неделковски.

Тој додаде дека сите граѓани треба да бидат исти и дека Зоран Заев ги прекршил правилата да се брани од слобода.