недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Неделковски: Секој сака да ја чуе вистината, ама никој не се осудува да ја каже

Кон крајот на август ќе објавам и објаснам подетално што се случуваше. Во принцип, секој сака да ја чуе вистината, ама никој не се осудува да ја каже. Ова во изјава за Нетпрес го вели новинарот Миленко Неделковски по забраната за неговата емисија за „Вистината за Макпетрол“.

milenko

Поврзани вести

Кон крајот на август ќе објавам и објаснам подетално што се случуваше. Во принцип, секој сака да ја чуе вистината, ама никој не се осудува да ја каже. Ова во изјава за Нетпрес го вели новинарот Миленко Неделковски по забраната за неговата емисија за „Вистината за Макпетрол“.

Неделковски  во изјавата најавува дека во текот на следниот месец поопширно ќе говори за се што се случуваше, а во краток коментар околу забраната за емисијата тој вели:

Во Македонија странските „олеснувачи“, домашните бизнисмени и нашите политичари ги искршија јазиците секојдневно изговарајки зборови како што се „истражувачко новинарство“, „слобода на говор“, „слободни новинари“, „не правење притисок врз медиуми“ и триста други флоскули. За жал, примерот на оваа емисија покажува дека ништо од тоа не постои.

Иако други колеги и квази-колеги сакаа и со години се бореа да го освојат епитетот  „новинар со најмногу забранети емисии“, ете таа титула ми припадна мене.

Кон крајот на август ќе објавам и објаснам подетално што се случуваше. Во принцип, секој сака да ја чуе вистината, ама никој не се осудува да ја каже.

Многумина сакаат да му го видат крајот на Андреја Јосифовски и ми обезбедија валидна документација за Макпетрол.

Но секој од нив сака од сенка да набљудува, бидејки „имал фамилија“ па морал да се грижи за нив. Синки јас магариња имам дома?!

Во текот на вчерашниот ден, Миленко Неделковски, на својата фан страна на социјалната мрежа Фејсбук, објави пост, со видео од нова емисија во склоп на своето шоу, насловена како Вистината за Макпетрол, Оилко и Андреја Јосифовски. Сепак премиерата на оваа емисија не беше емитувана на телевизија.

Утрово, Неделковски преку својата фан страна, повторно се обрати кон своите фанови со информација дека во текот на ноќта се случил обид видеото да биде отстрането, со цел спречување на негово ширење и прегледување на YouTube. Тој во својот нов пост напиша:

milenko-emisija-post

Бидејки во последните 12 саати имаше десетици обиди да биде симната емисијата од мојот Јутјуб канал, бидејки имаше обиди за бришење и уништување на материјалот, соопштувам дека на крајот НЕ УСПЕАЈА.

За сите илјадници луѓе што не ме оставија да спијам синојка и да бидам раат утрово, ова е инфото.

Еве ја целата емисија:


Фамата околу Макпетрол не стивнува

Повеќе за оваа тема на следниот линк.

Најчитани вести