Неделковски: Странските служби се обидуваат да направат судир меѓу Македонците.

На синоќешната трибина на ГДОМ во Куманово се обрати и Миленко Неделковски, кој оцени дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, е профилиран човек кој има јасни ставови и агенда која јасно ја соопштува.

– Од спротивната страна имаме човек кој е аболициран од Бранко Црвенковски за „Глобал“ и ние како граѓани треба да се решиме кому да му ја поклониме довербата да ја води државата, рече Неделковски.

Граѓаните, додаде тој, треба да направат анализа дали претседателот на СДСМ откако е присутен на политичката сцена понудил програма.

– Но затоа сме виделе говор каде што вели дека ќе ги избрка сите од чистачка до министер. Дали сме виделе јасна национална агенда, односно сме виделе дека вели дека мора да ја свиткаме кичмата, рече Неделковски.

Од спротивната страна, според него, имаме премиер кој вели дека за кое било решение доколку воопшто излезе со посредништво од меѓународната заедница, меѓу нас и Грците ќе го праша народот.

Според Неделковски, факт е дека странските служби се обидуваат да направат судир меѓу Македонците.

– Странски фактор сака да ни ја дестабилизира државата да ја уништи за после така уништена лесно да се справи, да се смени името, ако треба граница, општествено уредување, рече Неделковски.

Сепак, Македонците, вели тој, веќе ја имаат научено лекцијата и народот не прифаќа лажење. Ги повика граѓаните на сплотеност и заедништво. За Неделковски борбата нема да биде лесна и посочи дека треба да се застане зад легитимно избрана влада и дека граѓаните нема да прифатат техничка влада