Неделковски: Во фудбалот требаат промени, но “обединетите“ не се решението

Неделковски: Во фудбалот требаат промени, но “обединетите“ не се решението
Неделковски: Во фудбалот требаат промени, но “обединетите“ не се решението
Долгогодишниот спортски новинар Миленко Неделковски на својот ФБ профил даде коментар за последните случувања околу македонскиот фудбал. Неделковски смета дека во фудбалот требаат промени, но оние кои се претстауваат како „Обединети за фудбалот“ според Неделковски не се решението.

Од “Обединети за Фудбалот“ имаме како понуда:

1. Селектор што ја има наместено – продадено утакмицата со Луксембург.
2. Селектор што ја има наместено утакмицата со Андора.
3. “Лицето И.Ј.“ поранешен шофер во МТВ кој уплаќал во името на раководствот на ФФМ за утакмицата со Луксембург.
4. Селектор кој го лажираше резултатот – поразот од Србија во Охрид.
5. Поранешен голгетер кому Ане Берберот му обезбедуваше дрога за шмркање.
6. Поранешен директор на клубови во Скопје кој има доживотна забрана да се бави со фудбал.
7. Селектор кој има дебели проблеми со комарџиско-каматраските долгови на зетот (брат на спортски коментатор и уредник).
8. Селектор што наплаќаше за да стави “репрезентативец“ во тимот. Еден немаше пари, па селекторот се задоволи со компензација од “само“ Мерцедес на старо купен во Бугарија.

…Вака можам до утре да редам…

Да нема злоупотреби со напишаново. Сметам дека во фудбалот требаат промени за да се излезе од овој мрачен период на неуспеси и племенско-верски распределби на позиции и репрезентативните места. Но, овие од сликава не се решението.

milenko-fudbal