Неделна гозба во Нетпрес: Пилешко во сос од печурки и вкусен овошен јогурт

За вашата денешна гозба ви предлагаме кремасто пилешко во сос од печурки и вкусен домашен овошен јогурт.

Потребно:
4 парчиња пилешки стек
1 мала лажица сол
1 мала лажица бибер
3 мали лажици путер
¼ чаша сечкан кромид
3 чешниња лук
150 грама свежи печурки
½ чаша пиво
½ чаша неутралнахопла
1/3 чаша пармезан

Подготовка:

Стопете го путерот во тава, на средно-силна температура. Исецкајте ги пилешкото на поголеми парчиња и посолете со сол и бибер од сите страни. Додадете ги парчињата месо во тавата и гответе додека добро не се испржат. Тргнете го пилешкото од тавата.

Пропржете го кромидот додека не омекне. Додадете го исецканиот лук и печурките на тркалца и гответе додека да омекнат и потемнат. Ставете го пивото, постојан опромешувајќи и внимавајќи да не ви загори смесата. Додадете пола од кашкавалот и промешајте дури да се стопи. Потоа додадете го останатиот дел од кашкавалот и промешајте. Додадете го пилешкото и дозволете да се готви додека сосот не се згусне. Додадете сол и бибер по вкус. Послужете го со компири или ориз.

1555749_10202362505518862_132025316_n

А за десерт подгответе неверојатно вкусен домашен овошен јогурт.

Потребно:
Кисело млеко
Слатко – 2 супени лажици од цреши/вишни
Овошје – по избор ( јагоди, боровинки, малини, капини или др. )
Канела – половина мала лажичка,
Желатин – 1 пакетче

Подготовка:

Накиснете го желатинот во потребната количина вода за да се згусне. Киселото млеко треба добро да се промеша со миксер за да добие течна форма. После тоа се додава слаткото, канелата и растопениот и изладен желатин и повторно треба добро да се промеша.

Во десертни чашки или чинии распоредете го овошјето, откако добро ќе го измиете, а може да биде свежо или замрзнато.

Исипете го млечниот крем во чашките и ставете ги во фрижидер неколку часа пред да биде сервиран десертот. Идеален освежителен летен десерт. Ние ве советуваме да употребите свежо овошје.