Неделна временска прогноза: Постудено време, со врнежи од дожд и снег

Постудено време, со повремени врнежи од дожд и снег не очекува во последните неколку дена од ноември.

Денеска на места ќе биде суво и влажно со сончеви периоди во крајниот исток, додека на запад и север во текот на вечерта ќе има дождови кои нема да бидат со силен интензитет.

И во текот на утрешниот ден не очекуваат врнежи од дожд во северниот и западниот регион, каде во среда ќе бидат поинтензивни. На планинските предели се очекуваат врнежи од снег.

Неделна временска прогноза: Постудено време, со врнежи од дожд и снег
Неделна временска прогноза: Постудено време, со врнежи од дожд и снег

Во поголем дел од денот се очекуваат повремени врнежи од дожд во северната половина од земјата. Во крајниот западен регион врнежите ќе се интензивираат во вечерните часови. На југ врнежите се очекуваат во вечерните часови.

И четврток ќе биде облачен ден, но без услови за дожд. За вечерта се најавува нов циклон кој ќе бидат поистакнат во петок. Температурата постепено ќе паѓа па се очекува максимална со вредност помеѓу 11°С и 14°С.

Во среда и четврток не очекуваат пониски температури за три степени целзиусови. Во петок се очекува нов пад на температурите. Максималните температури ќе се движат во интервал од 6°С до 9°С.

Сепак наутро се уште температурите нема да се спуштаат  под 0°С и покрај тоа што ќе биде студено.