сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 12

Неделно мени на Нетпрес: Телешко месо полнето со пршута и шампињони

Spicy-beef-goulash-300x202

Поврзани вести

Потребни состојки:

300г телешко месо
50г пршута
50г шампињони
1 јајце
1 главичка кромид

За панирање:

1 јајце
2 големи лажици пармезан
1 голема лажица брашно
сол
малку мајчина душичка
лебни трошки

Начин на приготвување

Исечете го телешкото месо на резанки и потоа со помош на кујнски чекан добро истолчете ги. Месото малку пресечете го преку жилите, за да не се собира при панирањето.

Во тава пропржете малку кромид, а потоа додајте ги исечканите шампињони. По 7–8 минути, откако шампињоните ќе го намалат својот волумен, додајте ја претходно исечканата пршута и гответе уште малку. Потоа, додајте јајце и добро измешајте.

Наполнете ги парчињата телешко месо со оваа смеса и прицврстете ги со чепкалки. Направете смеса за панирање од јајца, пармезан, брашно и малку мајчина душичка. Парчињата месо прво натопете ги во оваа смеса, потоа во лебните трошки. Печете на умерена температура, секоја страна од парчето по 10 минути.

Пријатен апетит!

 

Најчитани вести